2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Комплетно реновиран затворот во Битола (Фото)

Мај 20, 2020

 

Со еден милион евра пари од европските фондови и од државниот буџет целосно е реконструиран Затворот во Битола, кој доби нов лик, со пристојни услови за затворениците и притворениците, но и за вработените во затворот. На темелите на старата зграда, никна сосема нов објект по европски стандарди. Денеска беше означен крајот на реконструкцијата.

 

атвор

 

-Денеска имаме можност да го видиме реконстураниот затвор во Битола, што чинеше околу 1 милион евра , а европските фондови спонзорираа околу 700 илјади евра. Претходно никогаш не бев овде,  но имам информација дека условите биле катастрофални за разлика од сега. Работите се во финална фаза и наскоро затворениците ќе можат да се вратат овде. Многу е важно овој објект да се одржува за да остане таков каков што е, рече Фрек Јанмат, шеф на одделот за економска работа при Делегацијата на ЕУ

затвор 2

За да се подбрат условите се намалува капацитетот за притворенците, а се преполовува и бројот на затвореници. Нов изглед добиваат и заедничките простории, покрај библиотеката, трпезаријата и кујната која е направена по ХАСАП систем, сега  има и современа теретана. Инсталиран е нов систем за за греење и ладење, потоа комплетно нов автоматизиран систем за надзор. Нов лик доби и администратвната зграда.

DSC 4214

 

 

затвор 3

-Со реконструкцијата на затворот во Битола се овозможи подобрување на условите за притворените и затворените лица со имплементирање на сите меѓународни стандарди во работата на затворската управа. Притворскиот дел од овој затвор беше со деградирачки и нечовечки услови, кое после реновирањето доби целосно нов излглед. Градежните активности се квалитетно извршени, со што затворот претставува една современа казненоно-поправна установа, во која освен што се исполнети безбедносните услови опфатени се и сите компоненти за почитување на правата на осудените лица и спроведување на процесот за успешна ресоцијализација, изјави Јовица Стојановиќ, директор на Управата за извршување санкции.

затвор 4

Претставникот на ЕУ, Јанмат рече дека ЕУ работи на подобрување на условите и во други казненоно поправни установи во државата, што е обврска со отпочнувањето на преговарачкит процес.

затвор 8

 

-Затворениците мора да бидат третирани спорд законски стандарди, треба да им се овозможат активнoсти кои ќе ги ресоциајлизираат во општествотo. Во Македонија се уште имаме заvтори кои не ги задовoлуваат тие стандарди, како и недоволно обучен кадар, но работиме на промена на таа состојба. Загрижени сме за условите кои шо постојат, дури би рекол дека се нехумани и загрижувачки. Со почетокот на преговорите на ЕУ, што ќе биде многу скоро, се надеваме дека овие услови ќе сe променат. ЕУ долго време инвестира во затворскиот систем во државата, рече Јанмат 

затвор 5

затвор 6

затвор 7

затвор 9

 

затвор 10

DSC 4263

DSC 4238

 

затвор 11

затвор 12

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани