Одбележани 184 години од создавањето на Пожарната во Битола

Мај 20, 2020

Со полагање свежо цвеќе пред спомен плочата, денес беа одбележани 184 години од создавањето на Противпожарната единица во Битола. Градоначалничката Наташа Петровска изјави дека вложени се 157 000 евра во подобрување на условите на Противпожарнатаединица и остварени се 15 нови вработувања со што зајакнат е кадровскиот потенцијална единицата. 

„Се гордеам како градоначалник што во овој период успеавме да вложиме 157.000 евра во подобруање на условите во протипожарната единица. Имаме 15 нови вработувања, што значи зголемување на капацитетите од човечки ресурси. Тоа покажува дека ова раководство на локалната самоуправа и јас како градоначалник, сме ставиле акцент на исклучително значајна служба, која што е одговорна за животите на нашите граѓани. Во таа насока мора да се движиме. Им го честитам Денот на пожарникарството на нашите пожарникари, но истовремено укажувам дека не е одговорноста само нивна, одговорноста е на сите нас како граѓани, затоа што чувањето на околината и на нашите животи, сепак зависи и од сите нас и нашето однесување“, рече градоначалничката Наташа Петровска.

Годинава, споредено со минатата година е намален бројот на пожари, но сепак, останува истиот апел, да не се пали оган на отворени локации.

„Од овој град започна институционализираното делување на противпожарната служба на Балканот и на тоа мора да сме горди. Нашата единица е подготвена за сите оперативни состојби на терен, а пожарникарите се, биле и ќе бидат во служба на граѓаните. Моментално единицата располага со 39 пожарникари, од кои 31 во битолската единица, а по 4 лица на припомош во општините Могила и Новаци. Со соодветната нова опрема и возилата, сметам дека може да се справиме за брза интервенција, што е прв и почетен услов за секој пожар. Најважно од се е што со зголемениот човечки потенцијал, можеме полесно да се организираме“, рече Поповски.

Битолската територијална противпожарна едицина е една од ретките која располага со специјализирани возила за шумски пожари.  позарна 2

позарна 3

позарна

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани