АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Горан Козаров, директор на ЈП Водовод и Менде Граматковски , директор на Стрежево денеска потпишаа заеднички договор со кој се регулира процесот на мерење и испорака на преземена вода на Водовод од Акумулацијата Стрежево, кој во минатото создавал проблеми меѓу двете претпријатија
-Сакам да се заблагодарам на стручните тимови кои најдоа решение за овој проблем и на добрата соработка со Стрежево , и решавањето на овој проблем за двете страни, рече Козаров, додавјќи дека со договорот се дефинирани местата од каде Водовод ќе презема вода, начинот на испорака од нивна страна и начинот на мерење на испорачаната вода кон Водовод. Во врска со тоа колку се користи водата од Стрежево за потребите на градскиот водовод, Козаров рече дека тоа зависи од метеоролошките услови во текот на целата година, и секоја година е различно.
-2019 беше најлоша за Водовод бидејќи 24 недели се преземаше вода, бидејќи изворите во Подпелистерието не даваат доволни количнини на вода, која е уредно платена кон Стрежево. Количните се големи, а кога има големи количини и сумите се големи и доаѓа до недоразбирања, но сега по имаме загарантирани правила и прописи кои се наведени во договорот и начин и инструменти кои независно од нас ќе ја мерат преземената вода од Стрежево, рече Козаров.
Граматковски рече дека релациите меѓу двете претпријатија се на одлично ниво и во интерес не само за двете претпријатија туку и воопшто за граѓаните на Битола.
-Поучени од изминатиот период кога двете претријатија имаа не регулирани односи и комуникација и се беше на најниско ниво таквата ситуација доведе и до судски спорови каде прептпријатијата трпра штети. Денес тоа е минато, рече Граматковски-, додавајќи дека Водовод е едно од трите институции кои се стратешки партнет на Стрежево заедно со РЕК Битола и ЗК Пелагонија.
-Од тие причини уште во 2017 година, од моето доаѓање за директор на ХС Стрежево се започнаа разговори за регулирање на финансиските и техничките односи со Водовод. Соработката и договарањето за искористување на капацитетите на двете претријатија се на високо ниво. Со потпишувањето на измените и дополнувањето на протоколот за регилирање на снабдувањето со сирова вода на Водовод од страна на ХС Стрежево уште повеќе ќе допринесе да добрите односи помеѓу овие две претрпијатија, продолжат и понатаму. Ова е во интерес на вработените во Стрежево“ и Водовод, но и најмногу во интерес на граѓаните на општините Битола, Могила и Новаци.