2win800x200

Битола живна по укинатиот полициски час

Мај 27, 2020

По 66 дена минати со полициски час, битолчани вечерва слободно се прошетаа низ Широк Сокак и Градскиот парк. Уживаа во пролетната вечер по повеќе од два месеца минати навечер дома. Низ улиците имаше пешаци, велосипедисти, битолчани кои ги шетаа миленичиња. Битолчани желни за природа до доцна во ноќта се искчауваа дури до Тумбе Кафе.  Иако имаше шетачи од сите возрасти, паркот беше полн млади. Седеа во друштва одвоени едни од други. Се слушаше смеа и расположени гласови наместо довчерашната штрама. Низ Широк Сокак во кафулињата веќе се наредени масите  на растојание од метар и половина до два, подготвени наутро да ги дочекаат првите гости по подолго време. Низ бутиците и продавниците на вратите висат натписи да се влегува со маски и да се држи растојание. Битола се подготвува да се врати во нормала или во новата реалност, како што ја нарекуваат надлежните. Како работите ќе се одвиваат поинатаму, ќе зависи меѓу другото и од совесноста на сите граѓани. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани