АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Центарот за јавно здравје објави дека уште кај шест лица од Битола болеста КОВИД-19 е во тек. Од појавата на болеста до денес со коронавирус заразени се 28 битолчани, од кои двајца починаа, а дваесет се излекуваа.
ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола и регионот кој го покрива (Битола, Кичево, Ресен и Демир Хисар) земени се вкупно 717 брисеви за КОВИД-19 од кои 319 по епидемиолошки индикации, 69 преку упатување од матичен лекар преку системот Мој термин и 329 брисеви од вработени во градинки за скрининг.
Позитивни резултати за КОВИД-19 се добиени кај 32 лица, од кои 28 се со место на живеење во Битола, 3 во Кичево и едно лице во Демир Хисар. Според исходот на заболувањето кај 7 лица болеста сеуште е во тек (6 од Битола и 1 од Кичево), 23 лица се оздравени и кај 2 лица има смртен исход. Од вкупниот број на лица кај кои болеста сеуште е во тек, две лица се хоспитализирани, а петмина се на домашно лекување..
Возраста на заболените се движи од 5 до 85 годишна возраст, со најголем број на заболени во возрасната група од 30 до 39 години, а во однос на дистрибуцијата по пол заболени се 18 лица од машки и 14 лица од женски пол.
Од вкупниот број на заболени лица, 9 се здравствени работници (8 од Битола и еден од Демир Хисар) и сите се оздравени.
Вкупно 300 лица се ставени под здравствен надзор во траење од 14 дена од контактот со позитивното лице или од враќањето од ризична земја.