2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

ПОРТРЕТ ЗА БЛАЖЕ КОНЕСКИ ВО ГРЧКО СПИСАНИЕ ЗА ЛИТЕРАТУРА

Јуни 06, 2020

(Уредништвото изразува жалење што преводот е направен преку англискиот јазик зашто „парадоксално е да се сретнеме со јазикот и културата на ближниот, со кој не поврзауваат историски текови преку трет јазик)

 

Грчкото месечно електронско списание за литература „Карта“ објави извонреден портрет на Блаже Конески насловен „Житија на Блаже Конески“ проследен со преводи на седум песни од поетската ризница на нашиот најистакнат книжевник и лингвист, именувајќи го „корифеј на духовниот живот на соседна Северна Македонија“. Ова на својот фејсбук профил го објави македонскиот сценарист, драматург, новинар и есеист со битолско потекло Томислав Османли заедно со линк од електронското издание на весникот.

Османли во својот осврт кон написот го нагласува жалењето на уредништвото на весникот што преводите се посредувани, направени преку англиски преводи на поезијата на Конески.

Во весникот пишува: „бидејќи не знаеме македонски, а со цел песните на Конески да стигнат до грчкиот читател, овој избор беше направен и покрај неговите очигледни ограничувања. Нека се запише како уште еден парадокс меѓу многуте што ги карактеризираат односите меѓу Грција и Северна Македонија. Затоа што е несомнено парадоксално да се сретнеме со јазикот и културата на ближниот, со кого се поврзува заеднички историски тек со векови, преку трет, јазик. Да се ​​надеваме дека наскоро ќе има преведувачи кои ќе се заложат да ја препорачаат работата на Конески во нашата земја директно од оригиналот“, пишува во весникот.

Осмални заклучува дека преводите се многу добри и за поздравување се благородноите намери што стојат зад оваа бележита објава на грчките колеги по чисто книжевно перо.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани