АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Од некогашниот битолски гигант, фабриката Фрижидери денес не остана ништо, но зачуван е видео материјал, објавен деновиве на фб страницата Чегевара, кој сведочи за големината на ова претпријатие. Со реклама од шест минути се презентираат фрижидерите (ладилници) што некогаш ги произведувала Фабриката за фрижидери „Ѓорги Наумов“ од Битола.
Во рекламата е прикажано времето пред шест децении преку секојдневието на едно семејство во лето кога горештината знае да биде непријатна. Водата, иако истечена од чешма, не е доволно студена, зашто како што се вели во рекламата „и летото влегло во неа“, а зеленчукот и овошјето се расипуваат.
„Ако вчера го купевте ова не ќе го изгубевте денот. Ви ги препорачуваме производите на Фабриката за фрижидери ‘Ѓорги Наумов’ од Битола. Капацинетот е 70 литри, а Фабриката Ви дава гаранција за 5 години“, се вели во рекламата.
Потоа, купувачите ги повикуваат да ја посетат Фабриката за да се уверат во квалитетното производство.
„Со најсовремени машини и методи во изработката на секој дел се постигнува квалитетот и истрајноста на овие производи. Дури и печењето на емајлот се врши под температура на инфрацрвени зраци. Агрегатот е изработен по шведска лиценца. Секој произведен фрижидер пред да биде пуштен во продажба, детаљно се испитува во лабораторија опремена со најмодерни уреди“, се вели во рекламата.
А потоа се нуди ладилникот и како украс во домот.
Инаку во рекламата, главна улога има познатиот оперски пејач Благоја Петров Караѓуле, битолчанец со препознатлив баритон, изразита музикалност и сценски шарм. Исто така,познат е и како одличен интерпретотор на народни песни