2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Три медицински сестри од Битолската болница тргнаа во Скопје да помогнат во битката со КОВИД-19

Јуни 19, 2020

Иако Клиничка болница Битола е регионален КОВИД центар и лекува пациенти од коронавирусот, сепак пожртвувано и несебично утрово испрати свој тим од три сестри во Градската болница ,, 8 Септември" во Скопје  за помош.

Во следните денови во Скопје ќе помагаат медицинските сестри Николина Митановска, Виолета Димова и Маријана Невеновска.

Од Клиничката болница во Битола преку социјалните мрежи им се заблагодарија што го прифатија предизвикот и ја покажаа својата хуманост, несебичност и пожртвуваност.

Тие со медицински тимови од целата држава ќе помагаат во Скопје на пациенти кои поради КОДИД-19 стигнале до болничко лекување. 

Инаку, во Битолската болница бројот на пациенти со коронавирус  е над дваесетина и вработените во КОВИД одделот секојдневно водат битка за да им се помогне на заболените пациенти. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани