АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Блиц интервју со Николче Талевски, носител на листата на ИНТЕГРА Македонска конзервативна партија за петтата изборна единица
Талевски е битолчанец, доктор на технички науки- област сообраќај. Вработен во РЕК-Битола. Вештак од областа сообраќај. Тој е сопруг и татко.
Апла-Кажете ни на кратко за Вашето битолско потекло, имате ли предци кои придонеле за Битола?
Талевски-Роден сум Битола и тука сум школуван, потекнувам од семејство на учители.
Моите родители се нешто на кое се гордеам, за жал и двајцата не можат да бидат денес со мене, но сум сигурен дека се горди на мене. Беа просветни работници – учители, а јас растев во конзервативна средина каде центарот на светот е семејството, односно децата, па родителите. Сега кога и јас сум родител започнувам да сваќам дека само тоа е исправното за напред.
Примарниот придонес на моите родители, нивните родители и на подалечните предци е дека учителството нуди изградба на една личност, а тоа е нешто кое нема цена. Останатиот придонес на моите предци не може да се спореди со примарниот.
Апла-Што ви го исполнува слободното време?
Талевски-Малку ми останува слободно време, а и тоа што е, ме земаат децата, па и јас сум дете.
Ме исполнува бракот, сопругата која е столбот на куќата, зошто јас заради обврските често сум отсутен од дома.
Апла-На кои мигови од животот често се навраќате?
Талевски-Се навраќам на се во минатото ама на кратко. Се фокусирам на иднината , бидејќи сакам да уживам во секој момент сега и секој момент утре.
Апла-Што беше пресудно да ја изберете оваа професија?
Талевски-Техничките науки се моја слаба страна. Во комбинација со право и економија во цел свет значат сигурен успех. Тоа го посакувам на секоја техничка наука која ќе овозможи силен правен статус на поединецот и економски бенефит за неговото семејство и за него.
Апла-Омилен настан од кариерата и настан кој сте го поднеле тешко?
Талевски-Одбраната на докторатот е нешто кое беше топ приоритет за мене. Го чувствував и духовно, но и физички претставуваше нешто кое за да се опише треба само да се доживее.
Тешко се поднесува секој пораз, но наредниот ден прави рестарт кој животот го прави убав и тоа е најубавото чувство на синусуидална среќа.
Апла-Кое е мотото на Вашиот живот?
Талевски-Замислата се реализира со упорност.
Апла-Имате ли хоби? Како ги полните батериите?
Талевски-Хоби ми е да потрошам пари на часовник иако имам повеќе од доволно. Морето ми претставува најубавиот полнач на батерии.
Апла-Која книга ви е омилена и зошто?
Талевски-Последна книга која ја имам започнато, а не довршено за многу малку последните десетина страници е „Патот по кој поретко се оди” од Скот Пек и е нешто супер и после оваа кампања морам да ја довршам. А и морам да ја препрочитам. Затоа што дисциплината, емоциите, одложувањето и балансот, задоволството до полна реализација се нешто кое само во оваа книга е компактна целина.
Апла-Дали доколку станете пратеник би заминале од Битола?
Талевски-НЕ.