Webp.net gifmaker

Блиц интервју со Бисера Костадиновска Стојчевска: „Секој 4 Ноември го доживувам како свој празник поради заслугите на дедо ми за ослободувањето на Битола“

Јуни 29, 2020

Блиц интервју со Бисера Костадиновска Стојчевска, кандидат за пратеник на СДСМ и коалицијата „Можеме“ во петтата изборна единица. Костадиновска Стојчевска е доктор на науки од областа на науката за англискиот јазик, таа е доцент и продекан за настава на Педагошкиот факултет во Битола. Основно училиште завршила во ОУ „Гоце Делчев“ во Битола, а средно во гимназијата „Таки Даскало“. Дипломирала на филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Магистрирала на Педагошкиот факултет во Битола, каде исто така докторирала на 30 годишна возраст. Била активен преведувач во неколку издавачки куќи и на голем број учебни помагала. Активно се служи со англсики, германски, француски и албански јазик.

Член е на СДСМ од 2004 година, а била член во повеќе партиски тела. Од 2017 година е избрана за член на Извршниот одбор на ОО на СДСМ во Битола.

Бисера Костадиновска Стојчевска е сопруга и мајка на едно дете.

 

Апла-Кажете ни накратко за Вашето битолско потекло, имате ли претци кои придонеле за Битола?

Костадиновска-Стојчевска: Родена и израсната сум во Битола. Татко на мојата мајка, Пецо Гудовски, е носител на партизанска споменица 1941. Јас и мојот брат растевме со приказните за Тошо Даскалот, Васко Карангелевски, Елпида Караманди и Естреја Мара. Имавме прекрасно детство. Често одевме (и уште одиме) во Лавци, на секое ќоше ни раскажуваше што се случило, а ние секое ново раскажување го слушавме како да е прво. Многу сум горда на таа врска, бидејќи секој 4 Ноември го доживувам како свој празник заради заслугите на дедо ми за ослободувањето на Битола. Првите пет години од мојот живот ги поминав во населбата Довлеџик кај баба ми по татко. Брат ми беше поголем, па тој одеше на училиште. Јас толку сакав да одам што велев дека имам моја учителка –баба ми Босилка. Моите родители се моите херои и идоли! И покрај сите угорници и удолници, тие секој ден го започнуваат со прашањето- деца, денес како е планот?

 

15578734 10155404747574068 249625939345200821 n

 

Апла-Што Ви го исполнува слободното време?

Костадиновска Стојчевска-Сега, мојот син е моето слободно време. Порано, знаев да излезам да спортувам сама или со сопругот, да изгледам некој филм, да прочитам книга, а сега сето тоа е 5минутна активност. Сега читаме заедно, учиме англиски заедно, и јас и сопругот одговараме на неговите мал милион прашања преку кои тој го октрива светот.

 

Апла-На кои мигови од животот често се навраќате?

Костадиновска Стојчевска-Денот на кој секогаш се навраќам, без разлика на расположенито, е денот кога последен пат разговарав со брат ми. Кога се верив, кога правев свадба, кога докторирав, кога бев унапредена, секогаш се навраќам на последниот разговор со него. Тоа е настанот кој на многу начини го одбележа мојот живот. Тогаш донесов одлука дека без разлика на нискиот удар од животот, секогаш ќе најдам начин да се вратам на нозе! На моите 34 години, секое утро прво помислувам на него, па продолжувам! Често се навраќам на многу моменти поминати со сопругот. Тој е најголемата поддршка која било која жена може да ја има! Јас и тој сме буквално “во добро и во зло”

 

 

105929436 3024124904335351 8029515711643259839 n

Апла-Што беше пресудно да се кандидирате за пратеник?

Костадиновска-Стојчевска-Искуство на јавна позиција сум немала, ама затоа пак секогаш сум била со ситуација да практикувам закони, одредби и правила кои ги поставувал некој друг. И секогаш чувствував немир кога ќе видев/слушнев дека тој некој нема допирна точка со полето на кое делува односно не знае ни зошто тој закон е така мдоелиран. Првото поголемо активно учество беше во еден вид на неформална ѝработна група за донесување на новиот закон за високо образование од 2018 година и тогаш сфатив дека само со активно учество во тие процеси може да се слушне гласот на работникот и на оние директно засегнати во тој процес.

 

Апла-Омилен настан од кариерата и настан кој сте го поднеле тешко?

Костадиновска Стојчевска-Омилен настан од кариерата, морам да признаам дека ми беше неодамнешното признание од студентите за најдобар професор во онлајн наставата. Признанието од студентите е најважно! Во однос на кариерата, сум имала настани кои тешко ги поднесов. А во приватниот живот, тешко е мал збор за тоа како го преживувам губењето на мојот брат, мојата половина!

 

105502493 202441561029070 6311199085632625996 n

 

Апла-Кое е мотото на Вашиот живот?

Костадиновска-Стојчевска-Може на англиски? Don’t stop until you are proud!

 

Апла-Имате ли хоби? Како ги полните батериите?

Костадиновска-Стојчевска-Ми недостига тренинг со Дијана Неделковска. Тоа ми беше и хоби и полнење на батерии. Сега една прошетка е доволна за да се раздвижи крвотокот и да дојди свежа крв во мозокот за нови идеи!

 

105287122 1956747907794703 968952256050941400 n

 

Апла-Која книга Ви е омилена и зошто?

Костадиновска-Стојчевска-Додека студирав, не го сакав предметот англиска книжевност. Денес, навистина би сакала да го предавам Шекспир. Тој е поетот зад кој има најмногу контроверзии, но и кој придонесе англискиот јазик да е каков што е. Исто така, по 10 пат ги пречитувам Animal farm и 1984 од Орвел. Неодамна си ги комплетирав насловите од овој автор. Алегоријата и иронијата ми се омилен аспект. „Мојот маж“ од Румена Бужаровска е последното што го прочитав (за жал) и морам да се пофалам дека бев студентка на Румена и нејзината мајка.

 

Апла-Дали доколку станете пратеник би заминале од Битола?

Костадиновска Стојчевска-Не. Не. Не. Реков дека сум тимски играч и на тимот Битола можам да му помогнам!

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани