2win800x200

Блиц интервју со Петар Николовски-Се вклучив во политика за да донесам промени

Јули 03, 2020

 

Блиц интервју со Петар Николовски кандидат за пратеник на СДСМ во петтата изборна единица на претстојните парламентарни избори. Николовски е вработен како веб дизајнер во приватна компанија. Средното образование го завршил во гимназијата „Јосип Броз-Тито“ во Битола. Апсолвент е на Факултетот за информатички и комуникациски технологии во Битола насока Софтверско инженерство. Активен член на СДСМ од 2016 година, а од 2019 и претседател на СДММ на Битола.

 

Апла-Кажете ни на кратко за Вашето битолско потекло, имате ли предци кои придонеле за Битола?

Николовски-Од двете страни сум стар битолчанец. Семејството на дедо ми биле градинари, поточно познати битолски бавчанџии и трговци со кожа, кои со сопствен труд си го прехранувале семејство. Баба ми потекнува од познатата фамилија Стерјеви кои оставиле белег во културниот и социјалниот живот на стара Битола и Битола денес.

 

Апла-Што ви го исполнува слободното време?

Николовски-Вон активностите како претседател на Социјалдемокатската младина на Битола целосно сум посветен на завршување на мојот Startup Hogbu кој треба да го промени пазарот на недвижности, преку кои потенцијалните купувачи ќе ги спои на едно место, но со пониски цени, а воедно сите мои конекции од IT Индустријата ги насочувам во мојот град, со цел Битола да биде иден Startup центар како мој придонес во сопствената држава, затоа што јас мојата иднина ја гледам во мојата татковина, поточно во мојот роден град Битола.

 

Апла-На кои мигови од животот често се навраќате?

Николовски-Ах, за тоа би можел да зборувам бескрајно, секако тоа се миговите поминати со моето семејство како и детството поминато со моите маалски другари со кои и ден денес знаеме да се собереме во некое излетничко место, да слушаме и пееме староградски песни и секако да се потсетуваме на безгрижните денови.

 106920799 289560585741683 2648822891477123728 n

 

Апла-Што беше пресудно да ја изберете оваа професија?

Николовски-Да се биде младинец на 21 век, значи да се биде дел од брзиот развој на технологијата. Уште од мали нозе ме интересирало сè што било поврзано со компјутер и програмите кои што ги нуди, па така знаев дека дефинитивно ќе се посветам да бидам дел од тоа што брзо се развива и надоградува од час во час. Тенка е линијата помеѓу политиката и технологијата, па затоа се залагам и за поедноставување на лавиринтите на бирократијата во нашата држава  со помош на дигитализацијата, сè со цел олеснување на голем дел од секојдневитето на човекот. Пресудно за моето ангажирање во политиката е промената што сакам да ја направам во нашата држава. Мислам дека само со моето активно вклучување можам доволно силно да влијаам за спроведување на позитивни промени.

106509803 1132655447111375 4951628895418078255 n

 

Апла-Омилен настан од кариерата и настан кој сте го поднеле тешко?

Николовски-Она што ми го даде мотивот да се задлабочам во политиката беше Политичката Академија од Прогрес - Институт за Социјална Демократија и тоа ми е омилен настан од сферата на политиката, а од професионалниот ангажман е признанието од EU Startups за мојот Startup како еден од ветувачки педесет.

Многу настани тешко сум ги поднел, но ги оставам зад себе, бидејќи тоа што не нè убива, нè прави посилни.

 

Апла-Кое е мотото на Вашиот живот?

Николовски-Ако може на англиски јазик за да не биде буквален преводот: Be honest with yourself and with the people. Be punctual never give up, achieve your goals, even when everything goes bad (Биди искрен со себе и со луѓето. Биди принципиелен, никогаш не се откажувај, постигни ги твоите цели, дури и кога се е против тебе).  

 

Апла-Имате ли хоби? Како ги полните батериите?

Николовски-Уживам да се релаксирам во убавините на Пелистер и потпелистерските села. Често со друштво спортуваме во дворот на основното училиште „Коле Канински”-Битола каде што и ги поминав најубавите и безгрижни години, а најмногу уживам во зајдисонцето заедно со мојот велосипед.

106720174 206274350628849 5310872945291319125 n

 

Апла-Која книга ви е омилена и зошто?

Николовски-Дефинитивно тоа е „Алхемичарот” од Пауло Коелјо. Посветена на детето што секој човек го носи во себеси како и долгото и макотрпнo трагање по сопствената среќа која сепак на крајот излегува на виделина.

 

Апла-Дали доколку станете пратеник би заминале од Битола?

Николовски-Не, затоа и моите студии ги одбрав на бидат во Битола како локал патриот, па затоа и кандитатурата беше со цел да се остани во овој битолски крај и да се вложува со сите сили за подобар просперитет, посветла иднина за сите затоа што можеме уште повеќе, уште подобро.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани