АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
По 11 години влезе министер во просториите на Малиот битолски Монмартр, а по повеќе години и градоначалник од Битола. Вечерва во присуство на министерот за култута Роберт Алаѓозовски и градоначалничката Наташа Петровска во Детското ликовно студио беа врачени 40 меѓународни награди и признанија.
Министерот рече дека ова е брендот по кој се препознава Македонија и Битола на светската мапа. Петровска рече дека Монмартр е храм на уметноста и место каде се уметноста се сплотува со младоста.