АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Авторот на антологиската песна "Ратка Маџунка", Валентин Соклевски, вечерва го доби парето од василичарскиот мазник со сопартијците од ЛДП, па со радост ја запеа оваа негова песна која е една од најопеаните. Соклевски приреди вистинско музичко шоу во ресторанот "Грне" во Битола на што не одолеа ни продуцентот Панде Димитровски. Заедно запеаја и песни од нивниот пријател Петар Ѓоргиев Калица.