2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

И СДСМ И ВМРО ДПМНЕ СО ИСТ БРОЈ МАНДАТИ ВО ПЕТКАТА, ПО ОСУМ

Јули 16, 2020

Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ и Коалицијата „Обнова на Македонија“ со ВМРО-ДПМНЕ освоија ист број мандати во петтата изборна единица, по осум, соопштија од ДИК. 

Според податоците на Државната изборна комисија, за Коалицијата „Можеме“ во петката освои 56 622 гласови или 36.67 проценти од гласачите. 

Коалицијата „Обнова на Македонија“ освои 55 159 гласови или 35,72 проценти. Разликата во гласови е  1463 гласови во полза на „Можеме“ 

За ДУИ гласаа 21 745 гласачи или 14,08 проценти. За Алијанса за Албанците  со Алтернатива гласаа 10 716 гласачи или 6,94 проценти. За Левица 4715 гласачи или 3,05 проценти. 

Во мандати тоа значи „Можеме“ 8 мандати, исто толку за „Обнова на Македонија“, ДУИ 3 и Алијансата за Албанците со Алтернатива еден  мандат. 

Од Битола според овие резултати,  најверојатно петмина пратеници ќе има во следниот парламентарен состав. Од СДСМ иден пратеник ќе биде универизитетскиот професор по англиски јазик, доцент и продекан за настава на Педагошкиот факултет, Бисера Костадиновска- Стојчевска, која беше трета на кандидатската листа на „Можеме“, а доколку предводникот Радмила Шеќеринска добие министерско место во идната Влада, во Парламентот влегува и  досегашниот директор на ЈП „Водовод“, инаку по професија машински инженер, Горан Козаров кој на листата беше број 9.

ВМРО-ДПМНЕ во идниот парламентарен состав ќе партиципира со тројца битолски пратеници. Тоа се оперскиот пејач Игор Дурловски, кој ја предводеше кандидатската листа, универзитетската професорка од Техничкиот факултет во Битолаи поранешен претседател на општинскиот Совет, Силвана Ангелевска, која на листата беше трета  и специјалистот по интерна медицина Олга Лозановска, досегашен советник во општинскиот Совет на Битола, шеста на листата.

 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани