Webp.net gifmaker

Во Битола има 58 активни слуачи, 19 не даваат податок за контакт со заболено лице, информираат од Центарот за јавно здравје

Јули 27, 2020

Во Битола има 58  активни случаи,  од нив 18 лица се хоспитализирани, а 40 се на домашно лекување. Од вкупниот број на лица каде болеста сеуште е во тек, 19 лица не даваат податок за контакт со потврден позитивен случај, а останатите 39 активни случаи даваат податок за контакт и тоа: 19 лица се поврзани директно или индиректно со текстилна компанија, а останатите 20 лица се поврзани во помали фамилијарни/работни кластери, информираат од Центарот за јавно здравје во Битола

Денес се пријавени 2 нови случаи, меѓусебно поврзани, а и поврзани со претходно регистрирани позитивни случаи. Ново регистрираните се на возраст од 18 години.

Во Ресен, Демир Хисар и Кичево денес нема регистрирано нов заболен, а е регистриран еден смртен случај кај лице од Кичево кое беше хоспитализирано.

Во последниве 3 недели бројот на заболени лица во Битола, Демир Хисар и Кичево е во благ пораст. Поради тоа се апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од вирусот:

- Носење на маска;
- Одржување на физичка дистанца од најмалку 2 метри;
- Одржување на лична хигиена;
- Младите лица да ги почитуваат сите горенаведени мерки посебно во вечерните часови при излегувања во кафе барови и сл.
- Да се одбегнуваат масовни собири, меѓу кои и приватните семејни собири како родендени, семејни слави, имендени, крштевки, погреби и сл.

Во  Центар за јавно здравје- Битола и регионот кој го покрива (Битола, Кичево, Ресен и Демир Хисар) заклучно со 27.07.2020 година земени се вкупно 1926 брисеви за COVID-19 од нив 1108 по епидемиолошки индикации, 488 преку упатување од матичен лекар преку системот Мој термин и 330 брисеви од вработени во градинки за скрининг.

Позитивни резултати за COVID-19 се добиени кај 401 лице, од кои 116 се со место на живеење во Битола, 118 во Кичево, 24 во Демир Хисар и 143 во Ресен. Според исходот на заболувањето кај 197 лица болеста е во тек и тоа 58 од Битола, 80 од Кичево, 36 од Ресен и 23 од Демир Хисар, 192 лица се оздравени и кај 12 лица болеста имаше смртен исход.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани