Webp.net gifmaker

Во сообраќајка загина 26- годишен битолчанец кој возел електричен тротинет

Јули 29, 2020

26 годишен битолчанец починал денес по здобиените повреди во сообраќајна несреќа кај населбата Стрелиште во Битола. Портпаролката на СВР Битола Сања Стаматова за Апла.мк соопшти дека денес околу 13.49 часот случена е сообраќајна незгода на крстосница од улиците „8 Септември“ и „Арон Ароести“, во која учествувале патничко возило и електричен тротинет управуван од 26-годишен жител на Битола, кој се здобил со тешки телесни повреди, но од здобиените повреди починал.

Точно пред три години на истото место животот го загуби 40- годишен мотоциклист од Битола во сообраќајана несреќа кога се судрија „фолксваген –голф“ и мотоциклист „хонда“.

Жителите од населбата реагираат против сообраќајно решение да се направи булевар од Дулие до Лукоил и да се остават прекини кај Стрелиште и кај Св.Недела, Макпетрол  за да може да се врти полукружно. Тие велат дека повеќето од возачите вртат вака зашто доколку се движат по сообраќајни правила за да свртат на булеварот им е подолго и треба да одат дури до обиколницата и низ споредни улици во Оризари.  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани