Како што ни кажа директорот на техничкото училиште Владимир Роме, во план е целосна реконструкција на паркетот во спортската сала и замена на осветлувањето во истата, изградба на модерни спортски терени за кошарка, ракомет и мал фудбал со можност за ноќно спортување, замена на целокупното осветлување во училиштето со ЛЕД светилки со што во голема мера ќе се заштеди на електрична енергија и многу други активности за подобрување на условите за работа. После замената на кровната конструкција ќе следи поставување на фотоволтаични панели кои се донација од ЕЛЕМ со кој се планира дополнителна заштеда на трошоци за електрична енергија.