2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

НЕМА ГОДИШНИ ОДМОРИ И ПРАЗНИЦИ ВО РЕК, СЕ ВЛОЖУВААТ НАТЧОВЕЧКИ НАПОРИ ДА СЕ САНИРА СОСТОЈБАТА ВО РУДНИЦИТЕ (видео)

Август 08, 2020

 

Вработените во РЕК „Битола“ вложуваат натчовечки напори за да се санира настаната состојба во рудниците со поплавите на откопните јагленови полиња предизвикани од обилните дождови изминатите денови поради што во прекин е ископот и дотурот на јаглен. Генералниот директор на ЕЛЕМ, Васко Ковачевски, денес изјави дека состојбите се подобруваат, водата се испумпува, се отстранува калта и полека се подготвува терен за поставување на багерските единици.

„Сите вработени се на своите работни места. Нема повеќе ни годишни одмори, ни слободни денови, ни викенди, ни празници, нити родендени, нити имендени. Сите вработени се мотивирани и се во служба на справување со состојбатра во рудниците, посебно во Суводол. Дадени се конкретни задачи и по служби и по врботени. Вработените во рудниците ги вложуваат максималните напори да се средат состојбите и да се врати нормалното функционирање во рудниците Суводол и Брод Гнеотино“, рече Ковачевски.ме3наџмент ж

Од поплавите кои за еден месец се случија четири пати и во сливното подрачје на Суводол се слеаја од 630 до 650 милиони литри вода, две багерски единици КУ 300 и 623 се делумно под вода со нивниот претоварен уред.

„Таму се главните напори концентрирани за да се ослободат, да ги транспортираме на одредена позиција и да даваат јаглен согласно потребите. Штом тоа се направи ќе се оди со вклучување на блокот 2. За овие два дена во функција успеавме да ставиме еден од багерите 323. Очекуваме до утре да биде ставен во функвија и багерот 631 со својот претоварен уред и така да го обезбедиме континуираното снабдување на термоелектраната и работа на блокот кој сега е во функција и да го одржиме нивото на јаглен кој сега го имаме на депонија од 75 до 80 илјади тони јаглен , што е сосема вообичаена количина за летниот период“, рече Златко Ќурчивески, директор на РЕК „Битола“.

Во мометов комбинатот работи со еден блок и за него има доволно резерви на јаглен на депонија за следните десет до 11 денови. Откако ќе се санира состојбата ќе се стави во погон вториот блок, а третиот според годишната програма дури на почетокот на грејната сезона.

„Да ја смирам јавноста дека поради ова што се случи, нема се зголеми производната цена на струјата што ја произведува РЕК Битола. Цела наша опрема , сите наши активности и непредвидливи хаварии се обезбедени преку осигурително друштво. Сите тие штети ќе бидат супституирани од страна на осигурителното друштво“, додаде Ќурчиевски.

Тој напомена дека елементарните непогоди не се непознаница за рудници.

„Во времето на владеењето на нашиот политички опоненет по 2000-та година, кога од исти вакви поројни дождови беше однесен 200 метри претоварниот уред на големиот јаловински багер СРС 1300. Во 2008 година слична хаварија се случи и цели три години беше целосно онеспособен најголемиот јаловински багер и 2014 година кога поради лизгање на земјиштето , во целост беше онеспособен најголемиот јагленосен багер цели три месеци. Сега кога некој кажува дека ова сме морале да го предвидиме и да преземиме други меки, како тоа да се класифицира освен како лицемерие“, рече директорот на РЕК.

Ковачевски: Мицковски да ги соблече салонското одело и лакованите чевли, па да дојде во Суводол да види со каква елементарна непогода се соочувамеваско

Тоа што не помага и што создава чувство на разочараност кај вработените се политичките пресметки што се прават преку нивниот грб од страна на опозициската партија ВМРО ДПМНЕ и нејзиниот претседател Христијан Мицкоски, рекоа од менаџментот на компанијата.

„Мотивацијата на вработените е голема од една страна, но крајно се разочарани од политичките изјави на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот лидер Мицковски, кој во овој период наместо да помогни, само одмага. Топло препорачувам , во овој период најдобро е да молчат. Доколку нешто не му е јасно на професорот Мицковски, кој во одреден период бил и директор на компанијата, нека го соблечи удобното салонско одело и лакованите чевли, нека облечи работнички алишта како нас, нека дојди во рудникот Суводол да види со каква елементарна непогода се соочуваме. Нека се сретне со вработените и в очи нека им каже дека тие работници не треба да добиваат 5 проценти повисока плата, К-15, ладен оброк, па и вода зашто од него дочекаа да слушнат дека не треба да им се дава и вода за пиење по рудниците“, рече Ковачевски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани