2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

25 годишно момче во безсознание извлечено од НП Пелистер од Тимот за спасување на планина при ДСЗ

Август 17, 2020

 

Момче од Битола на возраст од 25 години денеска е тешко повредно во месноста викана Широка во Националниот парк Пелистер,  откако со својот велосипед возел на стрмна патека. Од тешките повреди нанесени врз главата, торзото и рацете, момчето паднало во безсознание  и во таа состојба било извлечено. Неофицијално момчето било дел од нашите битолски бајкери од “extreme bike“ тимот од Битола.

Несреќата се случила денеска по 13 часот кога неговите другари со кои возел велосипед се јавиле за помош во  Тимот за спасување на планина, при Дирекцијата за заштита и спасување.

Петар Нолев одговорен на тимот за Апла.мк вели дека на местото на несреќата пристигнале за 30- тина  минути, пружиле прва помош и имобилизација на повредениот, кој со џип теренско возило бил пренесен до возило на Брзата помош и до  Битолската клиничка болница.

Апла.мк очекува информација од Битолската клиничка болница за здравствената состојба на момчето. 

А.Б 

рње1

рње 3

рње 2

рње 4

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани