АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битолчанецот, Петар Нолев е планинарски водич и професионален спасувач. Учествувал во преку стотици акции за спасување на планина, потраги со кучиња, теренски возила, хеликоптери, во гаснење пожари, помош при поплави.
Поседува лиценца за планинарски водич од Федерацијата на планински спортови, бројни сертификати за основна и специјализирана обука за спасување на планина, потрага и спасување во урбани средини. Тој е на официјалната листата на механизмот за цивилна заштита на ЕУ со позиција на завршен едукативен процес на командни и операциони дејности, кој се полага пред комисиите на агенциите за цивилна заштита на Германија, Данска, Италија, националната исландска полиција и даблинската противпожарна бригада.
Нолев е раководител и на тимот за брз одговор за спасување на планина при Дирекцијата за заштита и спасување-подрачна единица Битола. Како функционира и како се мобилизира тимот за брз одговор и спасување во планина на ДЗС малку се знае. Јавноста не е запозната ниту со тоа каков е ангажманот на овие луѓе и каков статус имаат, иако спасувачите интервенирале во стотици акции и спасиле многу животи.
Професионални спасувачи со лична опрема
Битолскиот тим за спасување на планини успешно функционира повеќе години. Станува збор за професионални спасувачи, формација која се мобилизира од Дирекцијата за заштита и спасување. Но, спасувачите имаат лична опрема, а работат со договор на дело.
-Најодговорно тврдам дека Дирекцијата за заштита и спасување, во изминатиот период не го стави доволно акцентот на овој тим, односно луѓето малку се информирани дека овој тим постои. Но, тимот е солидно опремен, иако тоа се приватни, лични опреми. Имавме некои разговори со новиот директор на Дирекцијата за заштита и спасување, г-дин Аднан Џаферовски, кој ни влеа голема надеж и оптимизам. Дојдовме до некои заклучоци дека допрва ќе се развива овој тим и допрва ќе се наметнуваме како фактор. Но, треба да се изнајде подобра законска рамка како ќе функционира тимот. Составен е од 8 луѓе, а нашите припадници работат со договор на дело, кој не е многу обврзувачки во однос на ангажманот и ние се мобилизираме со акт на мобилизација од резервниот состав. Сепак се недавме и очекуваме дека што поскоро држават ќе ја подигне свеста на повисоко ниво и ќе ја сфати важноста за потребата од професионален ангажман на тимот за брз одговор во рамките на системот, вели Петар Нолев, раковдител на тимот за брз одгвоор и спаување на планина при ДСЗ-Битола.
Учествувале во стотици акции за спасување на изгубени и повредени лица на Пелистер, Кајмакчлан и Мариово, ризкувајќи си го сопствениот живот. Исто така, тимот редовно, секоја година, учестувува на меѓународни вежби од цивилен карктер во организација на НАТО, Југоисточна Европа, Балканот, со цел едукација, доедукација и одржување на кондиција.
Тимот беше мобилизиран и ноќата помеѓу 10 и 11 февруари во потрагата на двајцата македонски планинари на Кајмакчалан. Нолев вели дека ова е една од најголемите планинарски трагедии во поновата македонска историја.
Тимот се мобилизирал во 4 часот утрото на 11 февруари
За исчезнувањето на двајца планинари на грчката страна на Кајмакчална, таа ноќ, Нолев, најпрво дознал од социјаланите медиуми, а подоцна во 3 часот и 40 минути, добил телефонски повик од организаторот на турата, Зоран Костадинов, кој од Грција побарал помош од него.
-Тој ме извести дека две лица од неговата група се исчезнати на врвот Кајмакчалан,и дека по нив се трага од околу пладне 12,30 ч. па се до 20, 00 ч. од страна на грчките спасувачки екипи, а во потрагата бил вклучен и Костадинов. Се договорив со него дека јас ќе ги алармирам надлежните институции кај нас и ќе започнам со стандардна оперативна процедура во вакви случаи, согласно надлежностите кои ги имам во рамките на Дирекцијата за заштита и спасување, вели Нолев.
Во 4 часот на 10 февруари, во координација на надлежните служби, МВР, ЦУК, ДЗС, започнува мобилизацијата на тимот за спасување на планина кој број 8 лица и 4 од подрачната единица на ДЗС од Битола, за да се упатат во потрага на изгубените планинари кон врвот Кајмакчалан од македонска страна, затоа што немаат право да интервенираат во друга држава.
-Се донесе одлука да се оспособат и со транспортни возила да се пренесат две моторни санки за снег со 4 спасувачи до месноста Скочивир- Коњарка, за од таму да се продолжи со санките до месноста Летна каралула на Кајмакчалан на околу 2000 м.н.в, но не понатаму, затоа што како раководител на единицата сметав дека од таа точка е премногу ризично да се интервенира и целиот тим да се изложи на опасност, поради низа неповолни фактори кои беа присутни во тој момент на терен. Останатиот дел од тимот, 8-10 спасувачи, требаше да дојдат со турно скии до летната карарлула и потоа доколку се создадат минимални услови да се продолжи по сртот на планината се до врвот Кајмакчалан и да се извиди теренот, обајснува Нолев.
Паралелно со акцијата на тимот на ДЗС акција имаше и полицијата, но сите активности беа прекинати во неделата во 11 часот и 30 минути, кога спасувачите добија информација дека двајцата планинари се пронајдени мртви. Дел од тимот се враќа во Битола, во неделата во 19 часот.
За да не се повтори, Петар Нолев, апелира.
-Планината не смее да се потценува, ниту пак да се преценуваат сопствените можности. Секое искачување да се сфати крајно сериозно, без непотребни ризици, да се поседува соодветна опрема, да се следат информациите за локацијата што се посетува и метео условите. Планинарите да комуницираат со поискусните и познавачите на теренот, да следат обуки, да почитуваат хиерархија, да бидат дисциплинирани и да имаат самодисциплина“, вели Петар Нолев, раководител на тимот за брз одоговр за заштита и спасување на планина.
Петар Нолев на својот ФБ профил при една спасувачка акција на Кајмакчалан во летото 2017 година напиша
-Кога ке посакаш да ставиш два литри течност во сад од еден литар!!Тоа им се случи синоќа на планинари од Србија и Куманово!
Повторно лошо организирано искачување, повторно преценување на можностите, повторно без соодветна опрема за пешачење на долги стази,без реална слика за теренот и мислење дека 70 километри можат да се испешачат од група со мешан состав, повторно мислење дека за ова тура ни треба само некој што го знае патот за да не води, некој рекол дека цела тура е ужасно тешка за да се изоди во еден здив и никој не го слушал што зборува, повторно исти грешки!!!
Резултат - повреди на нозе,ужасни плусканици на стапалата, збунети, уплашени, премрзнати сред лето, некои беа во шок и преуморени планинари!!!
Побара а помош и веднаш ја добија, Дирекцијата за Заштита и Спасување го испрати тимот за З. и С. на Планина и успешно се евакуираа тројца од групата. Акцијата започна во 22.00. часот,заврши во 04.00. часот!!!
И на крај она нашето : се е добро кога се ке се заврши добро!!!
п.с. за реалните трошоци - ич да не зборуваме!!!