2win800x200

Хит во Битола-Јапонско исцртување на веѓи-прочитајте во интервјуто со Исмаил Демири професионален микроблејдинг уметник

Август 27, 2020

 

Интервју со Исмаил Демири

Професионален микроблејдинг уметник

118524858 792682664817294 7956209200802192191 n

 

Јапонско исцртување на веѓи

ИСТАКНУВАЊЕТО НА ПРИРОДНАТА УБАВИНА Е ОТВОРЕН ПРОЗОРЕЦ КОН СВЕТЛИНАТА

Секој човек во себе поседува убавина, но најважен од се, е начинот на кој тоа сопствено богатство го презентира. Трансформацијата не доаѓа од промената на средината, туку од сопствената промена и личниот однос кон другите, нивниот впечаток од тоа што во Вас го гледаат. Токму затоа, ако сакаш да ја изградиш сопствената самодоверба и сакаш да внесеш светлина во сопствениот живот, застани онаму од каде што доаѓа светлината, биди извор на сопствените зраци. А, зраците и позитивните импулси, најмногу доаѓаат од очите. Микроблејдинг третманот, или во народот познат како јапонско исцртување на веѓи, го овозможуваа токму тоа: да ја истакнете својата природна убавина, а со неа да ја зголемите самодовербата, но и довербата на другите во Вас.

 118471937 714671065756968 8538727989081903234 n

 

Апла: Што претставува микроблејдинг третманот и кога треба да се размислува за ваков тертман?

Исмаил Демири: Ориентираноста кон здравје и убавина е нормална потреба на секоја личност, независно од социјалниот статус, образованието, расната или верска определба, професијата или возраста. Микроблејдинг третманот на веѓи, на некој начин ги обединува двете.

Станува збор за техника која прави 3Д ефект на вашите природни веѓи, обезбедувајќи симетричен дизајн. Третман на кој ќе поминете 2 часа, а вашиот живот ќе се промени целосно, внесувајќи ви самодоверба, истовремено скратувајќи најмалку 15 минути од вашето секојдневно утринско шминкање. Доколку сакате секое влакно да Ви биде на своето место, да добиете волумен и природност на Вашите веѓи, со помош на тенки и прецизни линии кои имитираат влакна, тогаш ова е Вашиот вистински избор.

Сепак, дефинирањето на третманот и она што ќе го видите првиот ден после изведувањето на истиот, не е се што треба да знаете.

Навлегувањето подлабоко во процесот и промените што ќе следуваат во следниот месец, се всушност вистинските информации кои треба да ги имате, со цел да уживате чекајќи го крајниот ефект. Токму затоа, препорачувам на секој кој сака да направи микроблејдинг третман, пред да го закаже првиот третман, да закаже консултација кај избраниот микроблејдинг артист, токму за да поразговара за својот тип на кожа и промените кои може да ги очекува. На тој начин, крајниот ефект, ќе претставува вистинско ремек дело во кое е вложен многу труд и знаење со цел природната убавина да дојде до израз кај клиентот.

 118589189 892998551223512 3728582397407208712 n

 

Апла: Дали станува збор за болен третман и какви материјали користите?

Исмаил Демири: Третманот е речиси безболен, а во текот на работата со цел запазување на симетријата, користам посебна алатка – компас за правилно исцртување шаблон, согласно карактеристиките на лицето, а дополнително и посебна алатка за утврдување на симетрија. Употребувам единствени, чисти пигменти супер формула, направени на природна база кои не содржат недозволени и штетни состојки.  Природните бои не мигрираат или променуваат кон друга боја на пример кон розово, зелено или портокалово. Исто така, не содржат железо оксид, алуминиум и некои други недозволени состојки во нивниот состав.

Пигментот се нанесува рачно со посебна алатка на површинскиот слој на дермисот. Постапката се извршува во комплетно асептични услови, со примена на стерилизирани материјали, средство за дезинфекција и анестетик, работејќи согласно сите протоколи за заштита од КОВИД 19, кој всушност е мој начин на работа уште пред појавата на коронавирусот, затоа што здравјето и безбедноста на клиентот, секогаш се мој приоритет.

Апла: Кај кои заболувања микроблејдинг третманот може да помогне и дали постојат контраиндикации?

Исмаил Демири: Кожата е орган низ кој се манифестира целокупната состојба на организмот. Во овој контекст, токму преку кожата можат да се видат не само проблемите од естетска природа, туку и промените на неа кои може да бидат индикатор за некои многу тешки форми на заболувања. Токму затоа, сертифицираниот микроблејдинг уметник, мора добро да ги познава промените на кожата кои се забележливи кај клиентот за да знае дали и како треба да делува. Микроблејдинг третманот на веѓи може значително, естетски да помогне кај многу болести кај кои може да дојде до губење на влакното или некои абнормалности во овој дел, на пример витилиго, алопеција, кај одредени форми на карцином во периодот кога доаѓа до губење на влакното, кај изгореница на лице и друго. Се разбира дека постојат и заболувања кај кои заради спецификите на болеста, третманот е контраиндициран. Токму затоа, консултацијата пред самиот третман е од особена важност.

 

Апла: Покрај микроблејдинг третманот на веѓи, работите и други третмани, но најавувате и нови техники за изразување на женската убавина. Која е вашата следна понуда?

Исмаил Демири: На клиентите им нудам решение за отстранување на пигмент со лош квалитет кај веѓи или NanoRemoval. Неквалитетните пигменти се препознаваат по тоа што после заздравувањето на претходно направениот третман - микроблејдинг, бојата се променила кон зелено, розевкасто, портокалево и слично. И за ова постои решение, кое успешно го применувам. Наскоро, во делот на веѓите воведувам нова техника Powder brows, a започнувам и со трајна шминка преку моќта на алајнерот, како и исцртување или контурирање на уста. Новитети за кои верувам дека ќе создадат уште задоволни клиенти кои ќе раскажуваат со воодушевување. Третманот за кој се заинтересирани, клиентите можат да го закажат преку фејсбук, инстаграм или на телефон 075388362.

118602733 1064040517332037 6432342169267112359 n

 

Апла: Гарантирате квалитет, а за тоа говорат задоволни клиенти. Стануваат ли новите можности и потреба?

Исмаил Демири: Потреба на секој од нас е да се чувствува убаво, да изгледа убаво. Инвестицијата во убавината, никогаш не е луксуз, туку пат до целта. Среќната и задоволна личност, секогаш гради позитивна атмосфера, која е од клучно значење за продуктивност, успешност и создавање резултати. Во оваа насока работам и јас, а верувам дека после извршениот третман, така се чувствуваат и клиентите. Нивниот се поголем број, го потврдува фактот дека полека истакнувањето на природната убавина станува наш отворен прозорец кон светлината на напредокот во сите сфери.

118649503 360116294987277 3581670093073860368 n

118364320 614155309294509 8482572123736133123 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани