Битола за кратко време успешно се справи со вториот пик од епидемијата, анализира професорот Трајковски

Август 29, 2020

Професорот од Техничкиот факултет во Битола, д-р Дејан Трајковски, денес повторно прави математичко статистичка анализа за состојбата со КОВИД-19 во Битола.

"Денес ќе видиме како Битола, во споредба со Македонија, се справува со епидемијата на Ковид-19. Ќе направиме споредба на 14-дневната кумулативна инциденца на 100.000 жители, односно кажано со обичен македонски јазик ќе ги споредиме 14-дневните збирови на нови Ковид-19 случаи, ставени во размер за 100.000 жители. Според Европскиот центар за превенција и контрола на заразни болести (ECDC) ова е најважниот показател за оценка на ширењето на епидемијата.

Денеска Битола премина една важна граница, кумулативната инциденца се спушти под 20 нови случаи за 14 дена на 100.000 жители, односно од денес се смета дека во Битола има само спорадично (инцидентно) заразување. Не само што инциденцата е ниска, туку и најзиниот тренд е во насока на намалување. 
 
Битолчани успеаја за рекордно кратко време да го сузбијат вториот пик на епидемијата, за разлика од Македонија во целина, каде кумулативната инциденца е се уште на многу високо (иако не и екстремно високо) ниво. Иакои на државно ниво забележуваме тенденција на намалување на инциденцата, таа е толку слаба што со оваа динамика ќе ни требаат уште најмалку неколку месеци додека не слеземе на ниви на спорадично заразување. Значи, на државно ниви се уште имаме верично, односно систематско заразување и високи двонеделни бројки, коишто понатаму преку стапката на смртност повлекуваат и голем број на смртни случаи.
За разлика од Битола, каде фазата на (не многу силен) експоненцијален раст бргу беше сопрена и заменета со брзо експоненцијално опаѓање, на државно ниво имавме брз експоненцијален раст, но многу слабо опаѓање, кое е видливо само со математички пресметувања. Всушност, нема да згрешиме ако кажеме дека сме блиску до стабилен раст.
 
Ете, иако Битола е во истата држава, важат истите мерки и закони, сепак луѓето со својата дисциплина прават голема разлика. Со 14-дневна кумулативна инциденца помала од 20 европските земји би можеле слободно да дозволат влез на граѓаните на Битола на нивна територија, што ни од далеку не би можело да се каже за остатокот од државата", пишува професорот Трајковски
 
FB IMG 1598726281008
 
FB IMG 1598726285563
 
FB IMG 1598726293921
 
FB IMG 1598726298327
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани