2win800x200

Засилени контроли на сообраќајната полиција, за само два дена откриени триесетина прекршоци на моторџии

Септември 02, 2020

Ќе им застане ли полицијата на патот   за да го сопре ноќното дивеење на млади моторџии низ Битола кои го реметат мирот и сонот на граѓаните?! Во изминатите два дена се спроведуваат засилени контроли на сообраќајната полиција на повеќе локации низ градот, при што за само  на 31 август и 1 септемвтри констатирани се триесетина прекршоци на возачи на мопеди, мотоцикли, трицикли... Десет од нив управувале без потврда или возачка дозвола, двајца имале изминат рок на осигурителната полиса, еден бил нерегистриран мопед, 16 не користеле кациги. Девет од овие возачи биле малолетници и против нив е поведена постпака, а полицијата издала 8 записници за сторен сообраќаен прекршок и 12 прекршочни платни налози.

Деновиве апла.мк  објави неколку видеа од граѓаните кои ги испраќаа до нашата редакција поради дивеењето на млади моторџии низ градот веќе подолг временски период. Ноќните трки и акробации започнуваат после полноќ, се создава непоснослива бучава, па многу често овие млади луѓе со нивните мопеди и мотоцикли се доведуваат во опасност самите, но и случајни минувачи.

Од полицијата за апла.мк велат дека патролите и понатму ќе бидат постојано на терен и со засилени контроли

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани