Webp.net gifmaker

Сликите на Рајчевски зборуваат сами за себе

Септември 10, 2020

 

Триесеттина дела работени во техниката масло на платно  се поставени во изложбениот салон на Магазата, чии автор е битолчанецот Слободан Рајчевски-Рајче.

Битолскиот уметник оваа изложба ја наслови „Куќи за сонување и соништа“, а сите слики се создадени од почетокот на оваа година до денес, особено за време на полицискиот час поради корона кризата.

119138220 614370559154149 6860132889732751917 n 

119202225 3424503627610825 4279139638288924122 n

119115358 949475608888104 2744457720461116204 n

-Инспирацијата за овие дела беше поттикната од карантинот за актуелната пандемија. Се затворивме дома и се оддалечивме еден од друг, се изолиравме и затоа ја направив „Куќата за сонување и соништа“. Кога веќе јас не можев да излезам надвор, ги пуштив соништата, и така со таков порив ги создадов овие слики. Некои соништа се страшни, некои се радосни. Затоа пуштете ги вашите соништа надвор од вас, тогаш сигурно ќе станат реалност, рече авторот Рајчевски.

Безвременските теми како секојдневие, суштинска посветеност на човекот, слики и доживувања како материјални мисли, длабок одраз на самобитисување и разголеност на сопствената душа , длабоко го опфаќа творештвото на Слободан Рајчевски, напиша во рецензијата м-р Јелена Петровска.

-На платната на Рајчевски бојата е доминантна, некои се крајно симплифицирани и без перспектива, додека другите кокетираат со апсолутно сликарство кое се врзува за субјективно и емотивно и рационално уметничко изразување , кое , не следи природни закони на бојата, текстурата, облик и простор, оценува Петровска.   

Рајчевски досега реализирал три самостојни изложби. Актуелната изложба е финансирана од Министерството за култура  на Р.С.Македонија. Организатор е НУ Центар за култура -Битола.

119077447 321275472521359 6990687809237960991 n

119141803 762229494343510 4114726102405080297 n

119171450 640051026643673 1876053477052013787 n

119084987 789931958424523 3461431384612908372 n

119094852 774377483347963 6678725742028048687 n

119198903 319847972631329 264144609323295431 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани