АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битола деновиве се најде на агендата на младиот Естонец кој со мотор од 1942 година одлучи да ја помине Европа. Во мисијата не го попречи ни пандемијата со ковид -19. Вели дека подвигот го започна за да покаже дека кога се почитуваат правилата за однесување во новата реалност, може безбедно да се патува.
Не ни се претстави велејќи дека не е важен идентитетот, туку пораката. Сепак, ни дозволи да го фотографираме.
Моторот што го возеше беше руски, на времето пред повеќе од 70 години го возеле од руската армија. Тој денес го одржува зашто е вљубеник во олдтајмери. Во Македонија дојде од Албанија, а продолжи за Грција.