2win800x200

Телата на мајката и синот кои починаа во пожарот дадени на обдукција

Јануари 29, 2018

Јавното обвинителство на Република Македонија на својата интернет страница објави дека телата на мајката и синот кои починаа во пожар во Битола ќе бидат дадени на обдукција.

 

„Надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство – Битола врши увид на местото на настанот заедно со екипа од Министерството за внатрешни работи и Противпожарната служба. Надлежниот јавен обвинител издаде наредби за фотографирање и обезбедување на местото на настанот, како и за вршење на сите потребни вештачења во насока на откривање на причините за пожарот. Издадена е наредба за обдукција на пронајдените тела и се преземаат други дејствија неопходни за расветлување на случајот“, пишува во објавеното соопштение.

Во пожартот починаа 53 годишната битолчанка Ф. А. и нејзиниот 17-годишен син Д. А. ​

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани