2win800x200

ПЕТРОВСКА: „ДАЛИ ТРЕБАШЕ ДА ВИКНЕМЕ НЕВРАБОТЕНО ЛИЦЕ ОД ДРУГА ОПШТИНА САМО РАБОТАТА ДА НЕ ЈА ДОБИЕ БРАТ МИ?“

Јануари 29, 2018

„Мојот брат беше единствениот кандидат кој се пријави на интервјуто за работното место наставник по математика. Дали требаше да викаме лице невработено од друга општина само за работата да не ја добие мојот брат?“, вака градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, возврати на обвинувањето на ВМРО-ДПМНЕ дека се вработил нејзиниот брат во основното училиште „Елпида Караманди“ во Битола.  

 

„Имајќи во предвид како владееја во изминатиот период, воопшто не ме чуди политичкиот невкус и незнаење со коишто настапија. Точно е дека мојот брат работи во ОУ 'Елпида Караманди', како што е и точно дека во периодот кога беше ангажиран во Агенцијата за вработување беше кандидат кој се водеше како невработен и беше единствен кој се појави на регуларно поставеното интевју, какво што има при секое друго вработување. Мојот брат ги доби часовите зашто немаше друг кандидат“, рече Петровска.

Таа додаде дека во изминатите десетина години тој никогаш не добил шанса за вработување како наставник по математика.

„Прашање е следно како човек кој е дипломиран веќе десет години не нашол прилика да работи во образовна институција иако имавме ситуации кога беа носени за вработување лица од други градови, со што беше оптоваруван буџетот, само за да не биде вработен брат ми. Дали требаше да викаме лице невработено од друга општина само да не биде братот на градоначалничката?“, возврати Петровска.  

Од Агенцијата за вработување за работното место наставник по математика во ОУ„Елпида Караманди“ известиле тројца кандидати кои ги исфрлил нивниот систем како невработени лица од овој профил. Сите тројца биле повикани на интервју, двајца не се јавиле оти едниот живеел во Скопје, а другиот бил во постапка за вработување. На интервјуто се пријавил само братот на Петровска. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани