АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Предложено да се отвори канцеларија на ЕВН во центраот на градот за полесно да ги плаќаат сметките за струја
По повод Денот на пензионерите вчера Собранието при Здружението на пензионери од Битола со сите раководители на телата, вклучувајќи го и Извршниот одбор одржаа четири посебни седници, применувајќи ги мерките за заштита од ковид-19. На седниците претседателот на Собранието Крсте Белевски и претседателот на Извршниот одбор Томе Димитровски го истакнаа значењето на овој празник за пензионерите, при тоа нагласувајќи ја потребата пензионерите организирано да го минуваат слободното време, а се водеше и разговор за сегменти од секојдневното живеење на пензионерите во Битола.
Беше поднесен извештај за финансиското работење на Здружението во изминатите шест месеци. Извештајот е позитивен, а средствата се користени наменски и во хуманитарни цели. Присустните се интересираа и за одредени прашања, како што се превозот на пензионерите и снабдувањето со огревно дрво. За таа цел беше речено дека на неодамнешниот состанок со градоначалничката Наташа Петровска беше информирано дека во општината во тек се активности за формирање на јавно претпријатие за превоз , со кое ќе бидат опфатени и општините Могила и Новаци. Се разговараше и за отворање на пензионерски канцеларии во месните заедници.
За дрвата беше речено дека Здружението вложува напори со доставувачите на дрва навремено да бидат снабдени пензинерите, најдоцна до 15 октомри.
Стана збор и за тоа дека одредени пензинери не можат да одат надвор од градот до канцеларијата на ЕВН за плаќање на сметките за струја во Боримечка, па побараа да се покрени иницијатива за отворање на канцеларија на ЕВН во центарот на градот и во Брусничко-лавчанската населба за пензионерите да можат поедноставно да ги подмируваат сметките за струја.
Утре во Демир Хисар ќе се одржи регионална фолклорна средаба на која ќе настапат и претставници од „Сирма Војовда“.