АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
По негователката од пред три недели, сега воспитувачка во градинката „Коца Василева“ во Битола е позитивна на Ковид -19 , но нејзиниот случај не се поврзува со претходно заболената колешка од оваа градинка, туку со кластер надвор од градинката. Поради потврдата за позитивен случај во изолација се 13 деца од градинката и уште една негователка.
Директорката на градинката Снежана Тодоровска за Апла.мк потврдува дека има нов случај на Ковид -19 во градинката, но причинител е надворешен фактор. Воспитувачката била во изолација од четвртокот, откако нејзиниот сопруг покажал симптоми на вирусот, па со тестирањето во саботата била потврдена болеста.
Градинаката продолжува со работа, а деновиве на работните обврски ќе се врати и негователката која имаше коронавирус во првата половина на септември, но ја победи болеста.