Нови 7 битолчани заболени од ковид-19, оздравени тројца

Септември 29, 2020

 

Седуммина  новозаболени и тројца оздравени паценти бележи денешната статистика на МЗ за состојбата со Ковид-19 во Битола.  Во Битола вкупната бројка на позитивни случаи се искачи на 303, од кои активни се 62.  

 

Во последните 24 часа се направени 1.372 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-46, Куманово-7, Штип-1, Прилеп-2, Тетово-1, Струга-6, Велес-4, Битола-7, Охрид-4, Гостивар-3, Струмица-11, Радовиш-3, Кочани-4, Пробиштип-1, Берово-1, Валандово-1, Виница-1, Делечево-1, Кратово-1, Свети Николе-4, Кичево-2, Ресен-1.

Во болнички услови по компликации од ковид-19 починати се 8 пациенти:  од Тетово (73), Струмица (58), Делчево (55), двајца од Струга (80 и 74) и тројца пациенти од Скопје (53,76 и 82), соопшти Министерството за здравство.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 17, а во болницата во Штип се 42 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 169, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Институтот за јавно здравје регистрира 159 оздравени пациенти од: Скопје-42, Куманово-8, Штип-3, Прилеп-8, Тетово-10, Струга-6, Велес-4, Битола-3, Охрид-10, Кавадарци-2, Гостивар-13, Гевгелија-11, Струмица-4, Крива Паланка-2, Радовиш-2, Крушево-2, Кочани-4, Пробиштип-1, Македонски Брод-2, Пехчево-1, Берово-3, Валандово-1, Виница-2, Делчево-8, Свети Николе-3, Кичево-3, Ресен-1.

Вкупно ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата се 17.786, оздравеа 14.801, починаа 737, а активни се 2.248. Според завршените епидемиолошки анализи, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 6.948, активни 683

• Куманово 1.755, активни 180

• Дебар 285, активни 43

 

• Штип 1.252, активни 49

• Прилеп 673, активни 126

• Тетово 1.426, активни 159

• Струга 669, активни 49

• Велес 323, активни 34

• Битола 303, активни 62

• Охрид 426, активни 39

• Кавадарци 236, активни 47

• Гостивар 931, активни 89

• Гевгелија 125, активни 40 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 17 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 242, активни 154

• Крива Паланка 107, активни 25

• Радовиш 79, активни 16

• Крушево 20, активни 1

• Кочани 353, активни 152

• Пробиштип 112, активни 20

• Демир Хисар 61, активни 2

• Македонски Брод 93, активни 12

• Пехчево 44, активни 3

• Берово 103, активни 36

• Валандово 32, активни 22

• Виница 111, активни 28

• Делчево 161, активни 78 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 25, активни 1

• Свети Николе 347, активни 39

• Кичево 326, активни 37

• Ресен 165, активни 16

• Неготино 53, активни 6 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани