2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Не излегувајте од дома без маска, слоган на Филипче, дел од битолчани со маските под носот или устата

Октомври 08, 2020

Не излегува од дома без маска, препорача преку банер министерот за здравство Венко Филипче на неговиот фејсбук профил. На банерот покрај гореспоменатиот слоган , уште пишува: „Би излегол на дожд без чадор? Ова е новиот начин на живот“.

„Нов начин на живот значи нови навики. Да ги почитуваме мерките за заштита и да сфатиме дека веќе се дел од нашето секојдневие“, напиша покрај банерот Филипче.

Дали е ова најава за можната мерка и на отворено секој да носи маска, ќе покаже времето. Во услови кога бројките на заразени растат, а Битола секој ден има по шест, седум или осум новозаболени, битолчани позачестено почнаа да носат маски. Но, има и такви кои уште не веруваат во болеста, па маската и во затворени простории носат под носот и устата. Вакви случаи има и по продавници низ градот. Исто така има и малски колонијали каде ни продавачите носат маски, ниту пак најголемиот дел од купувачите. Иако без маски во дуќаните влегуваат по неколкумина. 

Во текот на изминатото деноноќие (07/08.10.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, регистрирани се 704 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани