Германски експерти за заштита на културно наследство се вклучуваат во реставрацијата на црквата „Св.Ѓорѓи“ во Курбиново, Преспа. Ова денеска на својот Фејсбук профил го најави министерката за култура Ирена Стефовска. Црквата со години наназад е оставена на забот на времето иако во нејзината внатрешност се насликани едни од најстарите и највредните зачувани фрески од 12 век. Многу влади и министри досега ветиле проекти за конзервација и реставрација на црквата, за заштита на ѕидното сликарство ама за жал конзервацијата оти многу тешко на терн, со многу бавено темпо. Последните најави беа дека црквата ќе биде реставрирана до крајот на 2019 година. На терен уште пред неколку години назад црквата е оградена со метална и дрвена конструкција, за да се заштити од надворешни влијанија.
-Го зајакнуваме експертскиот кадар кој работи на заштита на нашите културни богатства - цркавата „Св.Ѓорѓи“ во Курбиново и Музејот на РСМ.
Во рамки на соработката со Сојузна Република Германија работиме на заштита на културното наследство, а истовремено ги продлабочуваме културните врски со градот Нирнберг.
Со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Анке Холштајн и со раководителката на Одделот за култура во германската амбасада, Катрин Фриинсфелд , разговаравме за традиционално добрите врски во областа на културата на двете земји, најави министерската за култура Стефовска.
Пред само две недели министерската Стефовска најави дека црквата ќе добие статус на добро во опасност.
-По седум години изготвување проекти во црквата „Св. Ѓорѓи“ во с.Курбиново, досега се спроведени само заштитна покривна конструкција и превентива на ѕидното сликарство, иако со децении сме сведоци на ужасната состојба во која се наоѓа црквата, рече таа изненадена што во последниве децении црквата „Св. Ѓорѓи“ не била прогласена од надлежните институции за културно наследство во опасност иако Законот за заштита на културното наследство го наложува тоа. Стефоска посочи дека таквиот статус, добро во опасност, значи да се мобилизираат сите стручни и материјални ресурси во земјава и да се вклучуваат меѓународни експерти и ресурси за трајно решавање на проблемот.
-Замислете, зборувам за културно добро од 12 век, со светска вредност! - истакна Стефоска.
Таа објасни дека досега се спроведени само заштитна покривна конструкција и превентива на ѕидното сликарство иако со децении сме сведоци на ужасната состојба во која се наоѓа црквата.