Двомесечното бебе се заразило од бабата која е од друг град

Октомври 11, 2020
 

Двомесечното бебе кое е во денешниот здравствен билтен на КОВИД позитивни, е заразено од член од семејството, односно од баба која живее во друг град. Од потесното семејство на бебето, мајката е исто така позитивна на ковид 19. Во моментов бебето е со лесна клиничка слика и под надзор на матичниот педијатар, информираат за апла.мк од Министерството за здравство.

 

Двете  лица   од денешната здравствена статистика  починале во Клиничката болница во Битола во Инфективното  одделението и имале хронични заболувања, велат од Министерството.
 
Едната пациентката (79г) била примена во тешка општа состојба вчера на 10 октомври во одделот за суспектни пациенти на Инфективно, со податок за температура, кашлица, тешко дишење повеќе денови наназад.
Веднаш бил земен брис и попладнето било утврдено дека е КОВИД позитивна. Преку целото време пациентката била во многу тешка состојба, со многу ниска сатурација на кислород во крвта, со тешко дишење. Дадена била  соодветна терапија и била постојано на кислородна поддршка. Од хронични заболувања имала хипертензија, цереброваскуларна болест, варикозни вени, ГЕР и гастрит, информираст за апла од Министетството за здравство.
 
Втората пациентката  (60г.) била примена на 6 октомври како суспектна во тешка општа состојб. На 7 октомври е докажано дека е КОВИД позитивна со масивна бронхопневмонија, хипертензија, дијабет ХОББ, хиперлипидемија, обезитна, за цело време на лекувањето во тешка општа состојба. И покрај  соодветната терапија и постојана кислородна поддршка, немало подобрување на состојбата и пациентката вчера починала.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани