2win800x200

Битола доби нов еко парк

Октомври 15, 2020

 

 

Нов еко парк добија битолчани со интересни и креативни содржини за забава, училница на отворено и други пропратни елементи на задоволство на најмладите. Еко центарот е сместен во долниот дел на Градскиот парк и е направен исклучиво од природни материјали. Паркот се реализира од страна на ЈКП „Комуналец“ а на идеја на градоначалничката Наташа Петровска.

-Денеска го промовираме овој еко центар кој дава можност за рекреативни активности на нашите најмали, децата. Има простор и за едукативни активности од областа на екологијата со изведување на еко работилници. Ме радува инвентивноста на ЈКП „Комуналец“ со своите вработени, кои покажаа дека со мнгу малку може да се направи многу, рече градоначалничката Наташа Петровска.  121615773 1781895811978947 8050671597102632659 n

Еко центарот има голем број содржини а е избработен од исклучиво природни материјали. Изведбата е направена од паднати дрвја во паркот и од камен.

-Со нула трошоци Битола го доби можеби единствениот приороден парк во нашата држава, бидејќи се користени материјали кои се автохтони од самиот парк. Идејата започна со паѓањето на едно големо дрво, кое беше проблематично да се подигни, да се сечи. Се што ни беше на располагање го искористивме многу ефективно. Се надевам дека оваа содржина сите наши сограѓани ќе јачуваме за да ни трае што подолго, рече директорот на ЈКП „Комунаец“ Панде Богоевски.   

 121754987 406172210394690 8674511333259334035 n

  121610559 655087471871170 5492940412204681445 n

 121678472 1310780529260457 4212532428213954342 n

121630407 468210330750756 7677895281453149656 n

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани