2win800x200

Методија Тасевски го избра својот тим за работа

Февруари 04, 2018

Новиот лидер на ОО на СДСМ во Битола, Методија Тасевски  го избра својот тим за работа. Тасевски, синоќа до Општинската Конференција предложи членови на Извршниот и Надзорниот одбор, кои беа едногласно прифатени.

Во новиот состав на Извршиот одбор, се директорите на јавните претпријатија „Стрежево“ и „Водовод“, Менде Граматковски и Горан Козаров, регионалниот координатор на СДСМ,  Александар Цуцуловски,

советниците Зоран Стојчевски, Елеонора Илиевска, Билјана Поповска и Жаклина Наумовска, поранешниот пратеник и претседател на општинската организација Менде Диневски, потоа Гого Видимче, поранешната координаторка на Клубот на жени, Лилјана Обедниковска, професорката Бисера Стојчевска, а  влегуваат и дел од членовите од стариот Извршен одбор.

Тасевски на Конференцијата им се заблагодарил на досегашната соработка на членовите на бившото раководство, посебно на досегашниот претседател на општинската организација, Васко Ковачевски .

Тасевски  од говорницата порача „продолжуваме заедно, издвојувавме значајни победи на последните два изборни циклуси , сега е моментот кога треба да покажаме како се води локална и централна власт. Знаеме дека ќе биде многу поодговорно и потешко, но со меѓусебна доверба и поддршка ќе успееме, рече Тасевски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани