АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
15 вработени од текстилна фабрика во Ресен се позитивни на КОВИД-19. Овој кластер започна да се формира од средината на октомври. Дел од заболените се на домашно лекување, а дел се хоспитализрани, информираат за апла.мк од Министерството за здравство.
Вкупно во Ресен има 38 активни слуачи, голем број од нив не даваат податок за контакти со позитвни лица, остантатие се од сeмеен и кластер од текстилната фабрика. Во изолација вкупно се 100 жители, а поради зголемениот број на заразени од вирусот Кризниот штаб на Општина Ресен препорача времено затворање на фабричките погони
-Се пропорачува фабриката за текстил Хатекс да не работи 10 дена. Се задолжуваат фирмите и компаниите на територија на општина Ресен со поголем број вработени да назначат лице за контрола и интервјуирање на вработените за можен контакт со лица забоени од КОВИД-19. Се задолжуваат сите компании кои имаат организиран превоз, капацитетите на автобусите да го рецдуцираат на 50 проценти, наведуваст од Кризниот штаб на Општина Ресен
Ова е втор бран во Ресен, откако во јуни се појавиja првите позитивни случаи . Досега вкупно се регистирани 200 заразени, од нив 6 починале.