2win800x200

15 години со „Без навреда“ и хуморот на Димитровски

Октомври 27, 2020

 

Магазинот за хумор и забава „Без Навреда“ овој месец (октомври) одбележува јубилеј, 15 години постоење.

Од печат излезе 106 број на магазинот за хумор и забава „Без навреда“. Опстојувајќи 15 години во македонскиот медиумски простор весникот ги орасположува и насмевнува битолчани, но и преку хумор остроумно и духовито испраќа критики за одредени состојби во општеството. Битолчани привикнаа да примаат  доза од вицотеката на уредникот Панде Димитровски и карикатурите на Блаже Докуле, Владо Крстевски, Миле Милевски и други. Двесет и четирите страници изобилуваат со стотина вицеви, афоризми и друг хумор.

Димитровски им се заблагодарува на битолчани за поддршката.

-Искрена благодарност до сите оние што го создаваат и ќе го создаваат магазинот. До сите верни читатели а секако и до нашите верни пријатели и помагатели. Во октомври 1990 ја отворив првата приватна фирма ППС „Феријал“ Битола со две милијарди динари основачки влог. Тешко е приватното цел ден сака да си на нозе. Имало пари! Абе да му го ебам мамето на тој што го измисли, пишува меѓудругото во уводникот Димитровски.   

122836295 782021435924150 746295239041485509 n

15 ГОДИНИ „БЕЗ НАВРЕДА“ – Октомври 2005 – октомври 2020 – 15 години од нашиот а се надеваме и од вашиот магазин Без Навреда. – 15 години и 106 броја. Тоа е тоа. Во досегашните броеви: – 23 измислени духовити интервјуа – Над 100 измислени или вистински анегдоти – Безброј приказни со неограничен рок – 257 предлози и мислења во рубриката мој личен став – Над 2500 карикатури – Повеќе од 200 фотографии – 1600 Афоризми – 6500 Вицови – 106 Пораки од Чкембо – Духовити одговори на мајтап прашања – Писма на читатели (оригинали или измислени) – Теми на теми во духовит стил, откупени или позајмени итн., итн., итн. Одбележувајќи го јубилејот испраќам искрена благодарност до сите наши соработници, верни читатели, особено до нашите верни пријатели, помагатели без кои Без Навреда немаше да постои. Некои повремено, но некои цели 15 години беа со нас. Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам за нивната несебична помош и за тоа што ги препознаа трајните вредности на „Без Навреда“. Без навреда ако сте се прочитале или препознале во „Без Навреда“. До читање? Со почит Верно ваши! „Без Навреда“ Панде Димитровски
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани