2win800x200

Исчкртана спомен плочата на Блаже Рогозинаро

Октомври 28, 2020

Вандали ја уништиле спомен плочата која се наоѓа на куќата на Блаже Рогозинарот во Битола.

Спомен плочата е пречкртана и испишана со црна боја, па не се чита текстот посветен  на овој  истакнат припадник на македонското националноослободителното и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна. Од Битолската боречка организација го осудија овој вандалски чин.

"ООна СБМ-Битола најостро го осудува чинот на уништивање на спомен-обележјата, спомен-плочите, спомен-бистите и се што не потсетува на борбата за слобода", се наведува во реакцијата од ОО на Сојуз на борци Битола.

Блаже Димитровски Рогозинаро  во 1942 година од бугарските фашистички окупатори е осуден на смрт и обесен во Скопје.

Инаку бистите, спомениците и други обележја од НОБ, се почесто се сквернават и уништуваат. Тие се цел на вандали не само во алејата на Градското шеталиште, туку и на други локации низ градот. Досега не е откриен ниту еден сторотел на ваков вандалски чин

 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани