2win800x200

Во Битола денес повеќе оздравени од разболени со ковид-19

Ноември 09, 2020

За разлика од високите бројки на новозаболени на дневна основа кои во изминатите денови беа и до 57 лица, бројката денес падна на 22 заболени во Битола. По долго време за првпат имаме повеќе оздравени од болни евидентирани денес. Така, според билтенот на Министерството за здравство разболени се 22 битолчани, а 28 излекувани.

 

Во последните 24 часа се направени 1293 тестирања, а регистрирани се 515 нови случаи на ковид-19 во:

-Скопје 207
-Куманово 33
-Штип 33
-Прилеп 25
-Тетово 17
-Велес 21
-Битола 22
-Охрид 3
-Кавадарци 16
-Гостивар 16
-Струмица 17
-Крива Паланка 8
-Радовиш 7
-Крушево 1
-Кочани 21
-Пробиштип 7
-Демир Хисар 3
-Пехчево 2
-Берово 10
-Виница 2
-Делчево 11
-Кратово 1
-Свети Николе 2
-Кичево 18
-Неготино 12

Починати се 20 лица, тројца пациенти од Скопје (63, 67 и 75г), двајца од Куманово (85 и 62г), еден пациент од Штип (53г), двајца од Прилеп (38 и 46г), двајца од Тетово (36 и 55г), еден од Битола (79г) и еден од Охрид (74г), двајца пациенти од Гостивар (69 и 58г), четири пациенти од Струмица (70, 63, 48 и 65г), еден од Крива Паланка (67г) и еден пациент од Крушево (54г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1194 оздравени пациенти од:
-Скопје 508
-Куманово 41
-Дебар 9
-Штип 50
-Прилеп 80
-Тетово 69
-Струга 17
-Велес 60
-Битола 28
-Охрид 37
-Кавадарци 43
-Гостивар 31
-Гевгелија 19
-Струмица 41
-Крива Паланка 42
-Радовиш 7
-Кочани 30
-Пробиштип 13
-Демир Хисар 2
-Македонски Брод 1
-Пехчево 3
-Берово 5
-Валандово 4
-Виница 1
-Делчево 1
-Кратово 4
-Свети Николе 13
-Кичево 24
-Ресен 4
-Неготино 7

Досега во земјата се направени вкупно 272.892 тестирања на Ковид -19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 40275, бројката на оздравени пациенти е 24229, на починати е 1156, а бројот на активни случаи изнесува 14890.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани