2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

ВМРО-ДПМНЕ експресно ја разреши Анита Ангелевска од партиските функции откако побара оставка од Мицкоски и вонреден конгрес

Ноември 13, 2020

Анита Ангелевска, долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ и низ годините носител на партиски функции, како и актуелен советник од партијата, денес беше експресно разрешена откако даде изјава во која побара оставка од Мицковски и вонреден конгрес.

 

Ангелевска во изјавата вели дека загрижува фактот што ВМРО ДПМНЕ со сегашниот претседател Мицкоски не може и нема капацитет да биде алтернатива за надминување на очајната и безизлезна состојба во државата.

„Вонреден конгрес, мобилизирање на партиската структура, сојузништво со граѓаните, застапување и искрена борба за нивните интереси, единствено тоа ВМРО ДПМНЕ ќе го врати на победничката патека. Политиката мора да се води и практикува со доблест и кредибилитет. Политиката мора да добие достоинство, Битола и Македонија, граѓаните тоа го заслужуваат. ВМРО ДПМНЕ, мора да излезе од фазата на губитник и партија која нема фокус а сега најново и партија која бојкотира избори. Денеска сум овде во мое лично во име, како долгогодишен член на ВМРО ДПМНЕ и актуелен советник во Општина Битола, но и во името на голем број членови и поддржувачи на мојата партија. Најмногу, загрижува фактот, што ВМРО ДПМНЕ со сегашниот претседател Мицкоски не може и нема капацитет да биде алтернатива за надминување на очајната и безизлезна состојба во Државата. Секој одминат ден без вонреден конгрес, ја ослабува партијата, а слабо и дефокусирано ВМРО ДПМНЕ е само на штета на Македонија, на нејзината иднина и на штета на нејзините граѓани“, рече Ангелевска.

По нејзината изјава, вечерва околу 20 часот се огласија од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Во соопштението испратено до медиумите велат дека во целост се оградуваат изјавата на Ангелевска, која побара оставка на претсетаделот на партијата Христијан Мицкоски.

„Поривот и причините за нејзината изјава, сметаме дека се кријат неколкуте судски спорови кои се водат против истата, за што веруваме дека притисокот е голем. Сметаме дека изјавата на Ангелевска, на која во претходниот период и беа доверени повеќе партиски функции како и советничката функција во Советот на Општина Битола, е водена строго од личен интерес, под големо влијание на власта, како и судско- партискиот систем на Зоран Заев. Истата, ја упатуваме правдата да ја бара во државните и меѓународните судови, а не очајнички да заработува ситни политички поени пред криминалецот Заев“, стои во соопштението.

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Битола ја разрешува Ангелевска Анита од сите партиски функции кои ги обавува и упатува порака дека нема да бидат толерирани изјави и акти, спротивни на Статутот и Деловникот на партијата.

Ангелевска од функции ја има советничката, а беше и прв човек на Регионалниот изборен штаб. И покрај ваквата одлука на партијата, Ангелевска вели дека останува и понатаму во ВМРО-ДПМНЕ и целиот свој ангажман ќе го насочи за партијата да биде повторно победничка.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани