2win800x200

Коронакризата го инспирира да напише нови песни за Битола-Калица денес засади дрвце во Алејата на наградените

Ноември 20, 2020

 

 

Петар Георгиев- Калица, добитник на годинешната награда за животно дело ,,4 Ноември" засади дрвце во Алејата на добитниците на ваквото високо општинско признание во Градскиот парк во Битола. Тој за Апла откри дека ситуацијата поврзана со коронакризата, мерките како карантин и слично, го поттикнаа да напише нови музички мотиви поврзани со Битола. Материјалите се доработуваат и кога ќе бидат можни седенки по кафаните како претходно битолчани ќе ги чујат.

,,Годинава ми беше мене редот како добитник овогодишната ,,4 Ноемвриска" награда да посадам дрвце. Благодарност до Општина Битола што воспостави една ваква убава традиција и се надевам дека од  година во година ќе се надоградува и ќе биде потсетник за сите нас дека секој треба да даде придонес во изградбата на европска Битола", рече Калица.126434824 293835311871093 1062039978156692713 n

,,Трета година со ред засадуваме дрвце по повод Четвртоноемвриската награда за животно дело. Да му честитам на добитникот Калица кој со целокупното свое работење во изминатиот период остави неизбришлив траг во нашиот град. Убава традиција почнавме која сигурно ќе се негува и во иднина зашто на ваков начин испраќаме порака до идните генерации дека вредностите што се создаваат треба да се почитуваат", рече градоначалничката Наташа Петровска. 

 126363435 380886676471225 4058339541062244913 n

,,Задоволни сме од позитивното однесување на граѓаните, не ни ги уништија садниците оваа година. Беа таблите оштетени, но ние ги заменивме. Колку што се упорни да оштетуваат ние ќе бидеме упорни да ги надохнадуваме. Имаме идеја која ја разработуваме овој простор дополнително да го оплемениме. Бараме и совети од стручни лица, архитекти, овај простор да добие лик каков што заслужува. Дополнитено ќе вложиме и следната година местото ќе биде уште поубаво", рече Панде Богоевски, директор на ЈП ,,Комуналец". 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани