АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Армијата се очекува од утре да се вклучи во обезбедување на болницата во Битола. Ќе се обезбедуваат клиниките во Скопје, поголемите болници во Скопје, како и болниците во Тетово, Битола, Гостивар, Дебар, Куманово, Штип, Велес…
-Вчера го донесовме нашето барање како Влада и тоа е испратено до претседателот. Утрово имаше средба и договор на Оперативнот штаб на МВР и АРМ и очекувам во текот на денешниот ден претседателот, како врховен командант, да даде зелено светло и дека практично уште од утре целосно да функционира, најави министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
Ваквата заштита ќе функционира исклучиво на барање на здравствените установи и дека тоа не е одлука што ќе ја носи полицијата или армијата, туку ќе биде барање на здравствените институции и одговор на нивното барање.
-Подготвен е список од Министерството за здравство и по иницијатива на секоја од интитуциите ќе почнеме со распоредување на силите. Ќе бидат опфатени најголемиот дел од клиниките во Скопје и најголемите болници како „8 Септември“ и другите во градовите и во поголемите центри, како Тетово, Битола, Гостивар, Дебар, Куманово, Штип, Велес. Сите што покажале потреба ќе добијат поддршка, најави министерката за одбрана Радмила Шекеринска.