2win800x200

Модуларната болница за КОВИД пациентите ќе биде готова за три недели

Ноември 24, 2020

На парцела зад Инфективното оддделение во Клиничката болница во Битола, градежна мехнаизација веќе ги започна активностите за подготовка на теренот за поставување на модуларната болница. Станува збор за монтажен објект кој ќе биде наменет за пациенти заболени од КОВИД-19, а овој простор ќе биде опремен со целосно нова опрема и апаратура. Целта е да се зголемат капацитетите, но и да се подобрат условите за лекување на овие пациенти.  

-Модуларната болница ќе значи подобрување на условите, имајќи предвид какви се условите во оваа зграда каде е сместено Инфективното одделение. Ќе добиеме најсовремени услови за третман, вклучително рентген и ехо апарати. Зборуваме за капацитет од 90 до 120 болнички кревети. Прво тие ќе се користат, а ако се исполни капацитето, ќе се одиме во старата зграда. Сегашниот рентген апарта ни е од 1977 година, а сега добивмае целосно нова опрема. Старата заграда е на три спрата, тоа многу го отежнува работењето, а сега модуларната болница ќе биде на рамна линија, што е предност, рече др. Билјна Гагачевска, директор на Клиничка болница Битола.

Овој проект го реализираат Министерството за здравство и Општина Битола. Се состои од 3 модуларни градби, од кои две модуларни градби што содржат тријажен центар со стационар и една модуларна градба со независен тријажен центар. Модуларната болница ќе се протега на површина околу 1000м2 и се поставува на бетонска подлога.

- Во изминатиот период Општина Битола работеше на подготовка на целокупната документација и теренот. Дадовме логистичка поддршка со админситрацијата, а сега даваме поддршка и со изведбените активности. Ова треба да биде изведено за максимално брзо врме, бидејќи сосотојбите тоа го налагаат. Модуларата болница треба да биде готова за три недели. Постои синхронизација на сите изведувачи и ќе вложиме максимални напори овој рок да биде запазен. Но, имајќи ги предвид околностите на терен и сосотојбите кои што значат појава на позитивни слуачи и меѓу градежните работниц, изведувачите, не можеме да кажеме за финален рок со сигурност. ЈП „Нискоградба“ ќе ја изведува канализационата мрежа, а Водовод, водоводната мрежа, а Општината ги изведува активностите за подготовка на теренто, изјави градоначалничката Наташа Петровска.

Инаку на Инфективното одделение  вкупно се хоспитализирани 70 пациенти, со тешка и многу тешка клиничка слика. На располагање има уште 13 кревети. Опремено и е физикалното одделние, но ќе биде ставено во функција кога веќе ќе се исполни целиот капацитет на Инфективното одделeние.

 

modularna1

modularna 2

modularna3

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани