2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Од утре брзи тестови за ковид-19 во Здравствениот дом во Битола

Ноември 25, 2020

Брзи тестови за ковид-19 од утре ќе се прават и во ЈЗУ Здравствен дом ,,Др. Хаим Абраванел“, во Битола, соопшти директорката Весна Спиркоска за Апла.мк. Новиот пункт ќе работи со закажување на пациентите преку Мој термин од матичните доктори. Резултатите ќе се добиваат истиот ден, поточно неколку часа по тестирањето. Ќе бидат праќани кај матилчните доктори и од таму пацинетите ќе можат да се информираат за тоа дали се позитивни или не. Тестирањето е во организација на Министерството за здравство. 

„Министерството за здравство организира по здравствените домови низ државата пунктови за тестирање на ковид-19, а Здравствениот дом во Битола е меѓу првите. Целта е да се зголеми капацитетот за тестирање од коронавирус во градот и резултатите да се добиваат побрзо. Тестовите ќе бидат бесплатни. Просторот го подготвивме во рекордно време, се наоѓа над рендгенот за заби, од влезот за АТД. Поставен е шалтер за да се заштитат и вработените, а за пацинетите кои доаѓаат на тестирање ќе има и столче за да седнат. Обележани се стапалки за да се дојде со местото, а тестирањето започнува утре од двет часот“, рече Спиркоска за Апла.мк. 

Утре ќе се направат 30 брзи тестови, а потоа планирано е да се зголемува капацитетот. 127618677 676942986303391 7071838797745191084 n

126112729 374885400281887 8557831853271484515 n

127212847 3158320484273165 5154001515879985030 n

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани