2win800x200

Над 85 000 евра донации од Општина Битола во битката со ковид-19- Советот даде зелено светло за модуларната болница

Ноември 27, 2020

Советниците едногласно ја изгласаа програмата за поставување на модуларен Ковид центар во дворот на Клиничка болницаво Битола и одлуката за давање донација во вид на услуга и добра на болницата во износ од 2,5 милиони денари или над 40 000 евра за подигање на градбата.

 

Со ова Општина Битола досега од сопствениот буџет донира над 85 000 евра за поддршка на здравството во градот во битката со пандемијата на ковид-19. Претходно беа издвоени 10 000 евра за отворање на лабораторија за тестирање од коронанавирус во Центарот за јавно здравје. Потоа, уште 10 000 евра за обезбедување на апаратура за кислородна поддршка во Болницата, па 20 000 евра за набавка на брзи тестови во Центарот за јавно здравје. Денес дополнително се издвоија и над 40 000 евра за модуларната болница, а се вложува и во подготовка на уште една месна заедница во близина на Болницата каде исто така ќе се прават брзи тестови. Според ова, вклупно од својот буџет Општината издвои над 85 000 евра како финансиска помош на здравствените институции во битката со ковид-19.natasa

„Како Општина можеме да бидеме горди зашто директно со буџетски сопствени средства дадовме финансиска поддршка до здравствените институции за спарвување со пандемијата. Истакнав и до Министерството за здравство Битола да добие и приоритет во имплементацијата на поставувањето на модуларните болници зашто градот знае да изненади со климата и се надевам дека ќе успееме во тоа да бидеме меѓу првите општини каде Министерството за здравство преку нивниот изведувач ќе настапи на терен. Во однос на средствата планирани се 2 500 000 денари, пресметани врз база на сите ставки и активности кои треба да ги изврши Општината како претходница на активностите на Министерството за здравство и нивниот изведувач“, рече Петровска.

Таа додаде дека се свесни за големиот број на заболени и дека во близина на Клиничката болница со сопствени средства опремуваат месна заедница во која ќе се вршат брзи тестови за ковид-19 со цел побрзо детектирање на заболените во градот, а досега преку ЦЈЗ тестирања имаше само во месната заедница кај училиштето „Даме Груев“.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани