2win800x200

ОО СДСМ Битола: Тешко на народните херои и на државата ако ДПМНЕ треба некого да чува и брани

Ноември 27, 2020

 

 На протестот на ВМРО-ДПМНЕ на кој партијата повика на обединување во одбрана и чест на партизаните кои ги подарија животите за денешната слобода во борба со фашистите, реагираше ОО на СДСМ со соопштение. 
 
"Републикава и тоа го дочека. ВМРО – ДПМНЕ да ги штити и брани народните херои од Антифашистичката народноослободителна борба. Хероите што до вчера ги имаше заборавено, што ги деградираше и омаловажување со секое бришење на нивните имиња од улици и институции, во виорот на античката лудорија. ВМРО – ДПМНЕ денес зборува за партизаните чии гробови сеуште не знае каде се, залутана меѓу грандиозните споменици од антиката. Тешко на народните херои, а тешко и на државата, ако ДПМНЕ треба некого да чува и брани. Тоа е секогаш по потреба и со умисла. 
 
ВМРО – ДПММЕ и нејзиниот лидер одамна немаат компас и смерница. Најдобар доказ за тоа е фактот што од ден во ден ДПМНЕ не знае што всушност брани и чува. Прво обвинуваше дека идентитетот е загрозен, дека со Договорот од Преспа земјава капитулираше, дека нема веќе Македоници. Цела изборна кампања за последните парламентрани избори се темелеше на тврдењето дека СДСМ и нивната ноќна мора, Зоран Заев, ја распродадоа државата – името, идентитетот, јазикот. Сега сме сведоци дека не било така, па Мицковски и дружината повторно го бранат идентитетот, јазикот, државата. 
 
Аман, нека не бранат веќе ништо никого. Република Северна Македонија има и кој да ја брани, и кој да ја чува и кој да ја сака. Секојдневно и со дела. А, и ДПМНЕ има кого да брани. Екс премиер во бегство и еден куп негови соучеснции во злоделата против граѓаните на оваа земја. Мицковски нека остане посветен само", се наведува во соопштението на ОО на СДСМ-Битола
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани