2win800x200

Од 906 испитаници, 586 одговориле дека луѓето во нивното опкружување не ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот- анкета на СДСМ Битола

Ноември 13, 2020

Секторот аналитика и истражување на ОО СДСМ Битола изготви анонимна анкета за општата информираност на граѓаните за превентивните мерки против ширењето на коронавирусот, која беше дистрибуирана преку социјалните мрежи изминатите 4 дена на која вкупно одговориле 906 испитаници. Според полот и возраста на испитаниците беше изработен полово-рамноправен репрезентативен примерок.

„64.8% или 586 од 904 испитаници одговориле дека знаат само некои од симптомите на вирусот, додека пак сите симптоми ги знаат 30.8% или 278 испитаници. На прашањето Дали знаете каде треба да се обратите во случај да имате некои од симптомите карактеристични за вирусот, одговориле 902 испитаници. Од нив, најголем дел односно 54.8% или 494 изјавиле дека мислат дека знаат каде, но не се сигурни. 354 или 39.2% изјавиле дека знаат каде да се обратат додека 54 или 6% изјавиле дека не знаат каде да се обратат“, рече портпаролот Невена Димовска.

393 или 43.5% од испитаниците изјавиле дека ги знаат повеќето актуелни мерки за заштита од коронавирусот, 33.4% изјавиле дека ги знаат сите мерки, 195 или 21,6% изјавиле дека знаат само некои од мерките, а само 5 испитаници изјавиле дека не ги знаат мерките.

„На прашањето: ‘Дали ги почитувате мерките за заштита од коронавирусот’, најголем дел од испитаниците изјавиле дека ги почитуваат сите мерки, 36.2% изјавиле дека ги почитуваат повеќето мерки додека 9.5% или 86 испитаници изјавиле дека речиси и да не ги почитуваат мерките. Ни еден испитаник не изјавил дека целосно не ги почитува мерките за заштита од коронавирусот“, додаде Димовска.

64.9% или 586 од испитаниците изјавиле дека луѓето во нивното опкружување не ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот, додека само 12.3% или 111 испитаници изјавиле дека луѓето во нивното опкружување ги почитуваат мерките. Високи 83.9% од испитаниците изјавиле дека се навремено информирани во врска со мерките за справување со пандемијата со Ковид-19, само 0.7% сметаат дека не се информирани навремено.

Најповеќе од испитаниците 52.9% изјавиле дека се информираат преку страницата и/или профилите на Министерството за здравство и 40.8% се информираат преку социјалните мрежи.

На последното прашање од анкетниот прашалник, во врска со владината помош преку 4 те пакет-антикризни мерки 72.1% изјавиле дека се директни или индиректни корисници на помош од Владата. Само 27.8% или 251 испитаник изјавил дека не е корисник на ваква мерка.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани