АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
„Оставка на Заев, слобода на народот“, вака беше насловен вечерашниот протест во организација на ВМРО-ДПМНЕ низ седум градови во земјава, меѓу кои и Битола. Протестот се одржа со возила вечерва низ битолските улици. Започна во 17, 45 часот од пред ОО СДСМ Битола и продолжи по улиците: „Кирил и Методиј“, Бул. „1-ви Мај“ , „Васко Карангелевски“, „Партизанска“ и „Климент Охридски“ . Од таму граѓаните се упатија пред споменикот на Стив Наумов. На еден од транспарентите пишуваше „Додека СДС не умре, Македонија нема да живее“.
Иванчо Тошевски од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Битола на својот фб профил напиша дека треба граѓаните да се обединат против , како што пишува, „ова досега незапамтено зло што и се случува на Македонија и дека сите имаат обврска пред:
СТИВ НАУМОВ
ЕЛПИДА КАРАМАНДИ
ДИМИТАР НИКОЛОВСКИ(ТАКИ ДАСКАЛО)
ТОДОР АНГЕЛОВСКИ(ТОШО ДАСКАЛО)
ПЕЦО БОЖИНОВСКИ
БЛАЖЕ ДИМИТРОВСКИ РОГОЗИНАРО
ЃОРЃИ НАУМОВ
КОЧО ДЕСАНО
ЕСТРЕЈА ОВАДИЈА - МАРА, луѓето кои своите животи несебично ги подарија за денешнава слобода во борбата со фашистите“.
„Да се обединиме надпатриски, без разлика на вера и било кое друго убедување. Оваа битка можеме да ја добиеме само заедно сите! Ги повикуваме и претставниците и борците од НОАВМ, ги повикуваме и Наташа Петровска, Бисера Костадиновска, Златко Ќурчиевски и сите членови и приврзаници на СДСМ, да се одважат во последниот момент и да покажат дека ја сакаат Битола, да покажат дека не било лицемерие нивното колнење и аманетот во борците на антифашистичката војна и народно-ослободителната револуција. Тоа, мора да го направат сега, во космополитска Битола, само од проста причина што нивните деца ќе живеат овде, меѓу нас, во Битола. Тоа, им го должат најпрво ним. Прогресивната и обединета Битола и денес нека покаже, дека еден Заев не може да го разурнува и уништува, не може да го угасне вековниот слободарски дух на битолчани“, напиша Тошевски.
Следуваа и две соопштенија од СДСМ . Во првото напишаа: „Републикава и тоа го дочека. ВМРО – ДПМНЕ да ги штити и брани народните херои од Антифашистичката народноослободителна борба. Хероите што до вчера ги имаше заборавено, што ги деградираше и омаловажување со секое бришење на нивните имиња од улици и институции, во виорот на античката лудорија. ВМРО – ДПМНЕ денес зборува за партизаните чии гробови сеуште не знае каде се, залутана меѓу грандиозните споменици од антиката. Тешко на народните херои, а тешко и на државата, ако ДПМНЕ треба некого да чува и брани. Тоа е секогаш по потреба и со умисла“.