2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Желбата за здравје ја поставив јас, ако имате поголема, ќе ја отстранам, напиша вработен од Општината

Декември 10, 2020

На социјалните мрежи се пренесува порака која наводно е од вработен во Општина Битола дека негова била  идејата како декоративен елемент во новогодишниот амбиент да се испише пораката „здравје“. 

Во пораката  вработениот пишува: „Почитувани битолчани, жебата за здравје  во 2021 година ја поставив јас , а ако мислите дека имаме поголема желба од оваа, слободно кажете, уште утре ќе ја отстранам . Се извинувам  ако со оваа желба на некого му предизвикав други мисли или намери“. 

Се работи за електроинженер, познат меѓу битолчани како вреден работник, за што сведочат и коментарите под пораката дека е вреден и дека  е достапен за граѓаните 24/7. Со оглед на тоа дека вработениот чија порака се шири преку социјалните мрежи е електроинженер, останува нејасно кој работник на терен ја поставил пораката и која ја изработил сите букви да се големи освен една?

Декоративниот елемент ЗДРАВјЕ предизвика коментари на социјалните мрежи во кои се обвинува за неписменост, па дури и асоцијации со други јазици од соседството. 

Од општина Битола одговорија дека е техничка грешка на лицата вклучени во украсувањето, дека не е решение одобрено од Општината и го повлекоа украсот. 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани