АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Уште 1600 парчиња неексплодирани убојни средства што беа пронајдени кај Стадионот во Битола денес се транспортираат за воениот полигон Криволак каде утре ќе бидат уништени. Ова е втора рунда, откако претходно беа транспортирани други 1600 парчиња и уништени во вторникот. Со ова оваа недела ќе бидат поништени вкупно 3200 убојни средства останати од Првата светска војна.
„До крајот на месецот, поточно до крајот на годината ќе бидат уништени уште 3200, тоа се 6400 гранати или половина од количините што ги имаме во магацинот во Битола. Акцијата за уништување ќе продолжи по 15 јануари и очекуваме дека до крајот на февруари сите ќе бидат уништени“, рече за Апла.мк пиротехничарот Ѓорги Стефанов.
Во уништувањето учествуваат четворица пиротехничари, припадници на Армијата и на МВР од единицата за антитероризам.
Во акцијата за отстранување на неексплодирани убојни средства кај стадионот во Битола беа извадени над 11500 гранати.